Љубов и врски: Седум знаци дека партнерот бара друга прилика

January 2, 2026
1 min read

Често за нив се вели дека се „резерва“… Ваквите врски се збунувачки, бидејќи се чини дека постојат, но без јасна намера и насока, пишува порталот „Супержена“.

Следат неколку совети за знаците коишто можеби укажуваат дека партнерот ја држи „саканата“ личност „на полица“, а всушност, затскриено бара „подобра прилика“ за себе.

1. Се појавува доволно, колку „да не го заборавите“…

Партнерот никогаш не исчезнува целосно, но ретко се појавува. Повремените повици и пораки служат за да остане присутен во Вашите мисли и да не се намали Вашиот интерес. Овој вид непредвидливо внимание честопати создава и посилна емоционална приврзаност од постојаната блискост, објави „Јортанго“ (YourTango). 

2. Се случува зближување, а потоа одеднаш исчезнува

Во еден миг, се чини дека сте во врска – често се гледате, сè изгледа ветувачки. А потоа, без објаснување, станува недостапен. По некое време, се враќа со „големи гестови“ што ја враќаат неизвесноста кај другата личност во врската.

3. Сè уште не ја преболел „поранешната“

Ако сè уште го носи емотивниот багаж од претходната врска, постои голема веројатност дека Ве гледа како привремена утеха. Можеби му се допаѓате, но приказната од минатото сè уште има предност. Во такви случаи, другата личност во врската е тука за да ја пополни празнината, а не да се изгради нешто ново.

4. Флертува постојано, но дејствува само кога му одговара

Ја одржува тензијата и привлечноста, но иницијативата секогаш зависи од неговите потреби и распоред. Флертувањето служи за да ја одржи опцијата отворена, без обврска и одговорност кон Вашите желби.

5. Зборува убаво, но нема делување

Ветува состаноци, планови, и тоа – „наскоро“, но ништо конкретно не се случува. На крајот, Вие сте таа што го потсетува и ја почнува темата, што јасно покажува дека неговите зборови се само начин да Ве држи во близина.

6. Очекува ваше внимание, но си дава слобода

Сака таа да се сосредоточи на него, додека тој си дава право да истражува други опции. Ако другата личност го прави истото, првата веројатно, би реагирала како повредена жртва. Овој двоен аршин, вообичаено, ја открива потребата за надмоќ и контрола.

7. Ви дава доволно надеж за да останете

Големите изјави и ветувања без вистинска намера – служат само за купување време. Секој мала зрак надеж Ве држи „емоционално врзани“, иако длабоко во себе чувствувате како да стоите во место.

Ако се препознаваат неколку од овие знаци, важното прашање е: Дали сакам да бидам нечиј избор? Бидејќи, секој заслужува врска каде што е приоритет, а не план „за еден ден“.  

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Серхио Рамос купува акции во поранешниот клуб?

Следно

Мицкоски: Без квалитетни образование и наука не можеме да јакнеме како нација и држава

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop