Погрешните одлуки влијаат погубно на нашиот живот, а ние тоа го нарекуваме судбина

January 2, 2026
1 min read

Швајцарскиот психијатар и основач на аналитичката психологија, Карл Густав Јунг, на едноставен, но длабок начин, го осветлил едно од најстарите и најинтригантни прашања на човековата мисла: дали навистина постои судбина, можеме ли ние да ја обликуваме или нашиот живот е предодреден?

Судбина – мит или реалност?

Многу луѓе во тешки, безнадежни ситуации бараат утеха во верувањето дека постои повисока сила што управува со нивните животи. Од друга страна, кога животот тече непречено, кога постигнуваме успех или ги исполнуваме нашите соништа, честопати забораваме на идејата за судбина. Јунг токму во тоа го воочил клучот: она што го нарекуваме судбина е често одраз на несвесните процеси во нас самите.

Како Јунг гледал на судбината

Јунг еднаш рекол:„Ако не разбереме што се случува во нас, тогаш однадвор ни се чини дека тоа е судбина. Додека не ја освестите подсвеста, таа ќе управува со вашиот живот, а вие тоа ќе го нарекувате судбина.“

Овие зборови носат силна симболика. Според Јунг, судбината не е надворешна сила што дејствува независно од нас, туку одраз на нашата несвесна психа. Потсвеста, преку автоматизирани реакции, навики и модели на однесување, ги обликува нашите постапки и нивните последици. Ако не станеме свесни за овие внатрешни процеси, лесно е да веруваме дека нашите постапки и настани се „предодредени“ или резултат на судбината.

Моќта на навиката и несвесното

Јунг често истакнувал дека нашите навики се како семе: она што го сееме во нашата потсвест, подоцна никнува во реалниот живот. Една стара поговорка го сумира тоа: „Кој сее навика, жнее судбина“.

Да се освести нашата потсвест значи да се разберат длабочините на нашата сопствена психа – нашите мисли, емоции и внатрешни конфликти. Тоа е процес на интроспективен и духовен раст, кој ни овозможува да ја преземеме контролата врз сопствениот живот. Кога ги осветлуваме скриените делови од себе, стануваме способни свесно да ги избираме нашите реакции, да ги обликуваме односите и да создаваме живот во согласност со нашите сопствени вредности.

Зошто судбината изгледа несфатлива?

Јунг верувал дека чувството оти судбината ги контролира нашите животи често произлегува од неможноста да ги разбереме сопствените постапки и нивните последици. Тој идентификувал неколку причини зошто судбината изгледа мистериозна:

Недостаток на увид во сопствените мотивации и внатрешни процеси.

Несвесни навики и модели на однесување што ги саботираат нашите цели и среќа.

Феномени и настани што ни изгледаат нелогично или необјасниво, но имаат длабоко влијание врз нашите животи.

Честопати сè што не можеме да го објасниме или предвидиме го нарекуваме „судбина“.

Клучот е во работата на себе

За Јунг, клучот во разбирањето и обликувањето на судбината лежи во работата на себеси. Со развивање на подлабока поврзаност со сопствениот внатрешен свет, прифаќајќи ги и светлите и темните страни на нашата психа, човекот станува архитект на сопствениот живот. Судбината тогаш престанува да биде мистериозна сила и станува одраз на внатрешна хармонија или дисхармонија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новогодишната честитка на Северина: „Да вежбам 4 пати неделно, да читам, да патувам…“

Следно

Поднесено обвинение за злоупотреби и измами со набавките во РЕК Битола

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop