Македонските уметници обединети за Фросина Кулакова

December 29, 2025
2 mins read

Македонската уметничка сцена се обединува во хуманитарна мисија преку „THREADS OF LIGHT“ – вечер посветена на уметноста, солидарноста и колективната одговорност, која ќе се одржи на 29 јануари, 2026 година. Настанот ќе вклучи изложба, хуманитарна аукција и перформанс, а средствата собрани преку аукцијата ќе бидат насочени кон обезбедување психосоцијална и правна поддршка и помош за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот и иницијативи за подобрување на законите и правната заштита.

Наместо директна финансиска помош, Фондацијата ќе овозможи структуриран пристап кој вклучува психолошка поддршка, советување и правна насока, со цел долгорочно заздравување, зајакнување на семејствата и полесно справување со последиците од траумата.

Во пресрет на настанот, Фондацијата Фросина Кулакова упатува јавен повик до сите уметници од Македонија – сликари, модни дизајнери, индустриски и ентериер дизајнери, занаетчии, автори на светлосни објекти, мебел, уметнички инсталации и уникатни предмети – да донираат свое уметничко дело за хуманитарната аукција.

Рокот за пријавување истекува за 3 дена. За учество, уметниците треба да испратат: фотографија од делото, краток опис и предложена почетна цена на е-поштата: [email protected].

Ова ќе биде првата хуманитарна аукција во рамки на работењето на Фондацијата, со јасна цел – собраните средства да не се доделуваат како директна парична помош, туку да се насочат кон психолошка поддршка за семејствата на жртвите од сообраќајни несреќи, но и за семејствата на сторителите. Поддршката ќе се реализира преку до 10 бесплатни психолошки сесии, со цел да се намали траумата и да се превенираат понатамошни деструктивни последици.

Како дел од програмата „THREADS OF LIGHT“, дел од цртежите на Фросина Кулакова, создадени за време на нејзиното образование како моден дизајнер, ќе бидат изработени во реални модни парчиња од нејзини колеги и професори од матичниот факултет – како живо сведоштво дека ликот и делото на Фросина продолжуваат да живеат преку уметноста.

Од семејството на Фросина Кулакова посочуваат дека зад секоја сообраќајна трагедија не стои само момент на несреќа, туку долготрајна тишина со која семејствата мораат да научат да живеат.

„Ние научивме дека болката не исчезнува, но дека со соодветна поддршка може да се носи без да го изгубиме внатрешниот баланс. Психолошката помош ни помогна да останеме прибрани, да ја прифатиме загубата и да продолжиме понатаму со јасна свест, без гнев и без осуда. Токму од таа потреба за смисла и заздравување произлезе и идејата уметноста да стане простор за средба, дијалог и светлина. Изложбата и хуманитарниот настан не се само сеќавање, туку повик за заедничка грижа и одговорност. Веруваме дека токму оваа форма на поддршка е клучна за сите што се засегнати од вакви трагедии – затоа што само преку заздравување може да се спречат нови болни последици“, велат од семејството на Кулакова.

Влезот на настанот на 29 јануари е бесплатен, а за учество во наддавањето и купување на дела може да се вклучи секој заинтересиран, со претходна најава на присуство на истиот мејл: [email protected].

Семејството на Кулакова се надева на масовно учество од уметниците и јавноста, потенцирајќи дека сите сме учесници во сообраќајот и дека само заедно можеме да го вклучиме алармот за превенција на вакви трагедии– преку уметност, емпатија и одговорност.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка најтргувани на денот

Следно

Годишен извештај на Македонско друштво “Илинден”-Tирана за 2025 година

Latest from Blog

Официјално: Мудрик со дресот на Тотенхем (ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/TottenhamHotspur/ Тотенхам потврди – Михајло Мудрик е нов член на тимот на Роберто Де Зерби. Оваа вест беше објавена еден ден претходно, а многумина не се изненадени од фактот дека Роберто Де

Жена и две деца загинаа во израелски напад во Газа (ВИДЕО)

Уште едно дете беше убиено во одделен инцидент во централна Газа. Нападот се случи откако беше откриен рација во областа, пишува Би-Би-Си. Според непотврдени локални извештаи, рацијата ја извршила палестинска милиција поддржана

Промоција: Јуве се пофали со Волтемаде!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/Juventus/ Јувентус и официјално го засили својот напад со Ник Волтемаде, кој доаѓа од Њукасл на позајмица до крајот на сезоната 2026/2027. Според непотврдени информации, „бјанконерите“ ќе им платат на „страчките“ 3,5

САД повторно го нападнаа Иран, објавено е кои се целите на нападот

„Денес во 12:00 часот по источно време (ET), американските сили почнаа да напаѓаат цели на Иранската револуционерна гарда (IRGC) во Иран. Нападите следат по неодамнешните обиди на IRGC да нападне комерцијални бродови

Бомба за крајот на преодниот рок: Сити го носи Енцо Фернандез за 140 милиони евра!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB Челзи и Манчестер Сити постигнаа договор за трансферот на Енцо Фернандез, според информациите од францускиот весник „Л’Екип“. Аргентинскиот играч за врска ќе ја продолжи кариерата на „Етихад“, а
Go toTop