Битола: „Нискоградба“ планира силен инвестициски циклус во 2026

December 29, 2025
1 min read

ЈП „Нискоградба“ ја заокружува 2025 година со зголемени трошоци и најавува значително проширување на обемот на работа во 2026 година. Директорот Зоран Талевски посочува дека најголем предизвик годинава било зголемувањето на бруто платите за 8 отсто и трошоците за вработените, вклучително и отпремнини за пензионирање, што вредносно изнесува околу 8 милиони денари повеќе во однос на 2024 година.

Според податоците од претпријатието, во 2021 година за 161 вработен биле исплатени плати во износ од 62.029.217 денари, додека во 2025 година за 137 вработени исплатата достигнала 85.141.803 денари.

Како дополнителен финансиски товар се наведува и исплатата на заостанатите придонеси за бенифициран стаж. Во 2025 година започнала редовна исплата во годишен износ од 1.050.000 денари, а за заостанатите обврски се исплаќаат по 450.000 денари по вработен.

Талевски укажува и на зголемените трошоци за одржување на старата и дотраена механизација, како и на ниската цена на услугата за собирање и одведување на отпадни води. Цената, како што вели, ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика и комунални услуги, а барањето за зголемување на тарифата не добило поддршка од Советот на Општина Битола во побараниот износ.

За 2026 година се планира надминување на овие предизвици преку зголемување на обемот на работа. Најавени се нови договори со Општина Битола во вредност од 45.975.908 денари, наспроти 20.817.642 денари колку што изнесувале договорите во 2025 година. Планирана е и набавка на нова механизација, меѓу која комбиниран ровокопач и натоварувач, мини-натоварувач и заштитна опрема за работа.

Од „Нискоградба“ информираат дека и во 2026 година приоритет ќе бидат приходите, додека расходите ќе продолжат да се одржуваат на минимум, во согласност со остварените финансиски резултати.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста има право да знае колку пари Филипче инвестирал во Дубаи за да добие златна виза и како ги заработил

Следно

За Јарецот деловните теми ќе доминираат, а Девиците да оддржуваат рамнотежа

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Со поддршка од САД се гради систем за одбрана од дигитални закани

Во услови кога сајбер заканите стануваат сѐ пософистицирани и почести, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Амбасадата на САД презема сет мерки за заштита од потенцијалните закани врз

Божиновска: Македонија ќе биде дел од клучната европска гасна мрежа

Нов стратешки исчекор во зајакнувањето на енергетска безбедност и регионална поврзаност. Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен

Раст на Македонската берза – најмногу се тргуваше со акциите на ВФП Пензиско друштво

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.207,94 поени. Во однос

Меџити: Со инвестиција од 6,2 милиони евра ќе се регулира коритото на Сува Река во Сарај

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, информираше дека започнале градежните работи за регулирање на коритото на Сува Река во општина Сарај, проект вреден 6,2 милиони евра. Според Меџити, станува збор за еден од

Историски пад на старите предмети во Кривичен суд Скопје: Решени 463 случаи за една година

Основниот кривичен суд Скопје бележи значајни резултати во намалувањето на старите предмети, унапредувањето на ефикасноста и јакнењето на транспарентноста, покажуваат податоците презентирани во второто издание на електронскиот весник на Судот. Најзначајниот показател
Go toTop