Барса му нареди да престане да дава голови, Левандовски: Бев свесен за ситуацијата

December 27, 2025
1 min read

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023, Барселона мораше да престане да постигнува голови за неговиот клуб да не мора да му плаќа отштета на Баерн.

Левандовски сега официјално ги коментираше овие обвинувања.

„Бев свесен за ситуацијата во клубот. Во тој момент, Барса копнееше по секое евро. Финансиски, тоа не ме погоди, немав никакви проблеми со тоа. Но, постојано се прашував дали треба да постигнувам гол или не“.

Левандовски се пресели од Баерн во Барселона на почетокот на споменатата сезона за 45 милиони евра. Тој имаше клаузула во договорот според која не смее да постигне 25 или повеќе голови во шпанското првенство, во спротивно Барселона мора да му плати на Баерн дополнителни 2,5 милиони евра.

Бидејќи Барселона беше (и сè уште е) во финансиски проблеми, челниците на клубот го повикаа Полјакот на состанок и му наредија, кога достигна 23 гола, да престане да постигнува голови. Медиумите пишуваа за ненадеен пад на формата во тоа време, но всушност тоа беше наредба од врвот. Дури и денес, на 37 години, Левандовски е одличен во Барселона кога не е повреден. Оваа сезона во првенството има девет настапи и седум гола.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Реплек со најголем неделен промет, МБИ10 бележи раст од 0,24%

Следно

Скандал во Лерин: СИРИЗА реагира на цензурата врз „Банда Ентопика“

Latest from Blog

Иран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец?

Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот

Свети Спас со хуманитарни пунктови кај Веро на 17 и 18 октомври

Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира собирање храна и хигиенски средства за сограѓани кои се соочуваат со сиромаштија. На 17 и 18 октомври 2026 година, граѓаните ќе можат да донираат на пунктовите кај

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

Европската комисија планира до крајот на 2026 година да го објави третиот повик за стратешки проекти за критични минерали, продолжувајќи ги напорите за поддршка на инвестициите и поефикасно издавање дозволи. Според информациите

Општина Битола: Буџет по мерка на граѓаните – започнуваат буџетските форуми

Општина Битола ги известува жителите на општината дека започнува со организација на буџетски форуми во заедницата со цел заедничко планирање на општинскиот буџет за 2027 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум
Go toTop