Скандал во Лерин: СИРИЗА реагира на цензурата врз „Банда Ентопика“

December 27, 2025
1 min read

Грчката опозициска партија СИРИЗА остро ја осуди одлуката на градоначалникот на Лерин, Василис Јанакис, со која беше прекинат настапот на бендот „Банда Ентопика“ поради изведба на песна на македонски јазик, оценувајќи ја како неприфатлив чин на цензура.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, СИРИЗА наведува дека јавната објава на бендот за прекинот на нивното појавување, како од страна на градоначалникот така и од дел од присутните, укажува на сериозни проблеми поврзани со слободата на уметничкото изразување и начинот на кој таа се третира, особено кога притисокот доаѓа од носители на јавни функции во рамки на локалната самоуправа.

„Нетолерантните испади се неприфатливи и штетни за неопходната солидарност меѓу различните луѓе и народи, дури и кога станува збор за музички настап на бенд кој е познат по пеење на повеќе јазици – грчки, македонски, бугарски, турски, српски и ромски“, се наведува во реакцијата на партијата.

Од СИРИЗА потсетуваат дека бендот бил принуден јавно да појасни оти нивниот настап не бил платен од општината, откако градоначалникот изјавил дека „јас плаќам“ и дека „такви песни не би се пееле во мојот град“.

Во соопштението СИРИЗА-ПС нагласува дека секој обид за цензура е недозволив, не смее да најде оправдување во демократско општество и нема да биде толериран.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса му нареди да престане да дава голови, Левандовски: Бев свесен за ситуацијата

Следно

Музичарите од Северна Грција со поддршка за „Банда Ентопика“ по инцидентот во Лерин

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop