Храна која го олеснува живеењето ВО УСЛОВИ НА ЗАГАДЕН ВОЗДУХ

December 22, 2025
1 min read

Во текот на
зимските месеци, жителите на урбаните средини многу често се изложени на
зголемени концентрации на загадувачки материи во воздухот, што неповолно влијае
првенствено врз респираторните и кардиоваскуларните функции.

Покрај
стандардните јавно-здравствени препораки кои се однесуваат на спречување на
навлегувањето на честички од загаден воздух во човечкиот организам, правилната
исхрана има одредена улога во одбраната од неповолното влијание на загадениот
воздух. Иако исхраната не може да ги замени основните мерки за намалување на
загадувањето, правилно избраните намирници можат да придонесат за зајакнување
на одбранбените механизми на организмот и ублажување на негативните ефекти од
загадениот воздух.

Штетните
ефекти од загадениот воздух, меѓу другото, се манифестираат и преку
предизвикување оксидативен стрес, односно нарушување на рамнотежата меѓу
создавањето на слободни радикали и способноста на организмот да ги неутрализира
преку антиоксидативна заштита.

Поради тоа,
се препорачува исхрана богата со антиоксиданси, витамини и минерали, како и со
незаситени масни киселини (медитерански тип на исхрана), кои помагаат во
намалување на оксидативниот стрес предизвикан од загадувачките материи во
воздухот. Особено значајни се зеленчукот и овошјето богати со витамини Ц и Е,
како што се зелка, брокула, спанаќ, пиперка, цитрусни овошја, киви, јаболка,
како и јаткастите плодови и семките.

Зеленчукот
богат со каротеноиди, особено бета-каротен, како што се морков, тиква, сладок
компир (батат), диња, исто така има поволно дејство како антиоксиданс за нашиот
организам.

Омега-3
масните киселини, присутни во сината риба (сардина, скуша, лосос), оревите, чиа
и лененото семе, исто така имаат поволно влијание врз воспалителните процеси во
организмот.

Во зимскиот
период важно е да се обрне внимание и на доволниот внес на витамин Д, чиј
природен извор – сончевата светлина – е ограничен. Намирници како масна риба,
јајца и збогатени млечни производи можат да помогнат во одржување на соодветно
ниво на овој витамин. Покрај внесот преку исхраната, во зимските месеци се
препорачува и суплементација со проверени препарати.

Исто така,
доволниот внес на течности, првенствено вода и топли билни чаеви, придонесува
за зачувување на влажноста на слузницата на дишните патишта, како и за испирање
и полесно исфрлање на штетните материи од организмот. Се препорачува
ограничување на внесот на индустриски преработена храна, намирници богати со
заситени масти, сол и додадени шеќери, бидејќи таквата храна дополнително го
оптоварува организмот и на тој начин го слабее имунолошкиот одговор.

Умерена,
разновидна и редовна исхрана, заедно со доволно квалитетен сон и физичка
активност во затворен простор, претставуваат важен дел од грижата за здравјето
во текот на зимските месеци во услови на загаден воздух. Покрај тоа, ваквата
исхрана се препорачува и за пушачи, лица под стрес или оние кои се склони кон
чести инфекции.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски објави видео: Буквално пробиваме планини, најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево го решаваме со 14 галерии

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Македонијатурист најтргувани на денот

Latest from Blog

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,
Go toTop