Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

December 20, 2025
1 min read

Трезорот во состав на Министерството за финансии функционира редовно и врши исплати и ќе продолжи до 31 декември 2025 како и останатите институции. Ќе се реализираат сите преземени обврски од страна на државата до крајот на годината. Нашата цел е целосно да се реализираат и приходите и расходите во Буџетот согласно планираното, како и буџетскиот дефицит да се заврши на планираното ниво.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување во ТВ 21 каде потенцираше дека исплатата се врши непречено и дека редовно се исплаќаат плати, социјални надоместоци, К-15, блок-дотации кон општините и други тековни трошоци.

„Трезорот, како составен дел од Министерството за финансии, работи и ќе продолжи да работи најнормално, како и сите институции, до 31 декември 2025 година. Со начинот на кој сега функционира Трезорот и со навремените исплати, јасно покажавме дека нема никаков застој. Редовно се исплаќаат социјалните надоместоци, К-15, обврските преземени во соработка со надлежните агенции, блок-дотациите кон општините, како и платите и другите тековни трошоци. Секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември “, рече заменик-министерот.

Тој појасни дека информацијата што Министерството за финансии ја достави до буџетските корисници и институциите во државата за доставување на налозите до 15 декември беше исклучиво од организациски аспект.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Целта беше до 15 декември да ги достават налозите за плаќање, за Трезорот навремено, до крајот на годината, да може да ги испланира сите расходни ставки и да ги обезбеди потребните информации поврзани со останатите фискални параметри. Сè друго, приказните за затворање на Трезорот, дека нема да има пари или дека ќе настане финансиски застој беа пласирани од страна на опозицијата“, наведе Јанкуловски, кој дополни дека најголемиот дел од институциите целосно го почитуваа рокот и навремено ги доставуваат налозите.

Заменик-министерот потенцира дека секоја обврска која ќе биде евидентирана и прифатена за плаќање, ќе може да се исплати заклучно со 31 декември и дека за тоа до крајот на годината ќе бидат обезбедени потребните средства.

„Даночниот календар е добро познат и очекуваме дополнителни приливи до крајот на месецот по основ на данок на добивка, данок на додадена вредност кој доспева на 25 декември, како и социјалните придонеси што се уплатуваат на крајот на месецот. Имајќи предвид дека значителен дел од компаниите во овој период исплаќаат бонуси и регреси за вработените, нашите очекувања се дека планираните приходи во најголем дел ќе бидат реализирани“, рече заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

Следно

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop