Фергусон: Јунајтед нема да ја освои шампионската титула во следната деценија

December 20, 2025
1 min read

Сер Алекс Фергусон, човек чие име сè уште има големо значење во фудбалскиот свет, повторно ја разбранува јавноста со зборови што воопшто нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Легендарниот Шкотланѓанец даде прилично мрачна прогноза за иднината на клубот, велејќи дека враќањето на тронот во Премиер-лигата може да потрае уште една деценија.

Да потсетиме дека Манчестер Јунајтед последен пат беше шампион на Англија во 2013 година, токму сезоната во која Фергусон се повлече од клупата.

Од тој момент, „Црвените ѓаволи“ талкаат во потрага по идентитет, менувајќи тренери, трошејќи огромни суми пари, но без посакуваниот резултат, шампионската титула.

Фергусон денес има 83 години и остави зад себе наследство што малку тренери го оставиле во модерниот фудбал. Во своите 27 години на Олд Трафорд, од 1986 до 2013 година, тој освои 13 титули во Премиер-лигата, две Лига на шампиони и безброј други трофеи, трансформирајќи го Јунајтед во глобална сила.

„Аморим има добра личност, но не му е лесно“, започна Фергусон, повлекувајќи интересна паралела со сопственото доаѓање во Јунајтед:

„Кога пристигнав, Ливерпул беше исклучително силен. Тие беа европски шампиони, но потоа им требаа 30 години повторно да ја освојат англиската титула.“

Токму во оваа реченица лежи најголемото предупредување за денешниот Јунајтед. Фергусон верува дека клубот моментално е во слична ситуација како онаа во која некогаш беше Ливерпул и дека сушата за титулата во Премиер-лигата може да трае најмалку уште десет години ако работите не се променат фундаментално.

Тој особено нагласи дека подобрувањето на скаутингот и процесот на доведување засилувања е апсолутен приоритет. Без паметни и долгорочни решенија на пазарот, верува Фергусон, нема враќање на патеките на старата слава, без оглед на тоа кој седи на клупата.

„Мора да се погрижиме да доведеме подобри играчи“, јасен е легендарниот тренер.

Тој го наведе голманот Ламенс како позитивен пример, за кого верува дека е доведен со јасна намера да направи разлика на теренот.

„Тој е млад, агилен, висок и може да игра и со раце и со нозе“, нагласи Фергусон, алудирајќи на профилот на модерен голман што му недостасуваше на Јунајтед во последните години.

Фергусон ги даде овие коментари пред новинарите за време на престојот во Бахреин, но неговите зборови одекнаа многу пошироко.

Останува да се види дали луѓето во клубот ќе ги сфатат како предупредување или Манчестер Јунајтед ќе продолжи да се врти во циклус на неуспешни одлуки и нереални очекувања.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Намалена видливост поради магла кај Ресен и Удово

Следно

Јанкуловски: Трезорот функционира редовно, исплатите се во тек и до крајот на годината ќе се исплатат обврските

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop