Англичаните му се закануваат на Абрамович:“Парите од продажбата на Челзи да им ги уплатиш на Украинците“!

December 19, 2025
1 min read
ФОТО: Chelsea Football Club/FB

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека рускиот олигарх Роман Абрамович мора веднаш да го исполни своето ветување да искористи 2.500.000.000 фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи за да им помогне на жртвите од војната во Украина или ќе се соочи со судска постапка.
Абрамович, поранешниот сопственик на Челзи, во 2022 година објави дека сите приходи од продажбата на клубот ќе бидат наменети за жртвите од руската инвазија на Украина. Сепак, средствата сè уште се замрзнати на британска банкарска сметка поради несогласувања околу тоа како треба да се распределат.

Владата на Обединетото Кралство бара парите да се користат исклучиво за хуманитарна помош за Украина, додека Абрамович инсистира средствата да бидат наменети за „сите жртви на војната“, вклучувајќи ги и руските граѓани. Иако според санкциите тој не може да располага со парите, приходите од продажбата на Челзи сè уште законски му припаѓаат нему.

Зборувајќи пред пратениците во Долниот дом, Стармер рече дека е дадена дозвола за трансфер за 2,5 милијарди фунти од продажбата на Челзи, која е замрзната од 2022 година, и го предупреди Абрамович дека „времето истекува“.
„Почитувајте ја обврската што ја дадовте и веднаш платете ги тие пари. Ако не го сторите тоа, ние сме подготвени да преземеме правни мерки за да се осигураме дека секој денар ќе оди кај оние чии животи се уништени од нелегалната војна на Владимир Путин“, рече Стармер.
Министерката за надворешни работи Ивет Купер изјави за Би-Би-Си дека Абрамович „мора да ја исполни таа обврска и да ги плати парите“, со порака дека не треба да влегува во дополнителни правни спорови. Таа потврди дека владата ќе го однесе случајот на суд ако Абрамович не се согласи со барањето.
Претставниците на Роман Абрамович одбија да коментираат за овие обвинувања.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Центарот Кенеди е преименуван во Центарот Трамп-Кенеди

Следно

Мицкоски: Националната стратегија за развој е одговор на реалните предизвици со кои се соочува нашето општество и држава

Latest from Blog

Проданоски: Трајно го решаваме проблемот со водата во Лениште

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, изврши увид во градежните активности за изградба на нов водоснабдителен систем во селото Лениште. Станува

Венс заминува на преговори во Швајцарија, тврди дека нема докази за затворање на Ормутскиот теснец

„Не гледаме докази дека Иранците го затвораат Ормутскиот теснец“, рече Венс. „Всушност, вчера низ него поминаа 16 милиони барели нафта. Значи, јасно е дека бродовите се движат“, додаде тој. Ванс патува за

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со забрзано темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според

Николоски: Автопатот Гостивар – Букојчани се гради со засилена динамика

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, делница која ќе овозможи заобиколување на планинскиот премин Стража. Според
Go toTop