Остатоци од диносауруси стари повеќе од 210 милиони години откриени на планина во Италија

December 16, 2025
1 min read

Илјадници отпечатоци од диносауруси, кои датираат од пред неверојатни 210 милиони години, се откриени во национален парк во северна Италија, што е едно од најзначајните палеонтолошки наоди во поновата историја. Спектакуларното откритие нуди уникатен увид во животот на древните влекачи кои некогаш биле во областа, објави Би-Би-Си.


Отпечатоците, од кои некои се со дијаметар до 40 сантиметри, се распоредени во паралелни редови, а многу од нив јасно покажуваат траги од прсти и канџи. Научниците веруваат дека им припаѓаат на просауроподи – тревојадни диносауруси со долги вратови, мали глави и остри канџи.

„Никогаш не би помислил дека ќе наидам на толку спектакуларно откритие во регионот каде што живеам“, рече палеонтологот од Милано, Кристијано Дал Сасо.


Зачудувачките патеки, кои се протегаат стотици метри на вертикална планинска карпа во Националниот парк Стелвио, за прв пат биле забележани од фотограф минатиот септември. За време на тријаскиот период, пред околу 250 до 201 милион години, карпата била плимно рамниште, што подоцнежните геолошки процеси ја направиле дел од алпскиот венец.

„Ова место беше полно со диносауруси; тоа е огромно научно богатство“, рече Дал Сасо. Тој додаде дека стадата се движеле во хармонија и дека „исто така, постојат траги од посложени однесувања, како што се групи животни кои се собираат во круг, можеби заради одбрана“.


Просауроподи можеле да пораснат до 10 метри во должина и најчесто оделе на две нозе. Сепак, во некои случаи, пронајдени се отпечатоци од предните екстремитети, што укажува дека тие веројатно застанувале и се одморале со спуштање на предните екстремитети на земја.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради магла намалена видливост, посебно внимавајте на ОВИЕ патишта

Следно

ФИФА го избра и „Тимот на годината“ (ФОТО)

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop