ЖИВЕЕ НА КРУЗЕРИ ВЕЌЕ 13 ГОДИНИ, НО ЕДНА РАБОТА НЕ И Е ДОЗВОЛЕНА

December 15, 2025
1 min read

Креаторката
на содржини открила дека веќе 13 години живее луксузен живот без кирија,
патувајќи низ светот на крузери.

Кристин
Стритс-Кестел, 44-годишна жена од САД, решила да го напушти класичниот „копнен“
начин на живот и да се пресели на море, каде што години наназад работела како
директорка на крстарења. Наместо кирија и хипотека, нејзиниот секојдневен живот
вклучува океани, пристаништа низ целиот свет и живот на брод.

Во текот на
годините минати на крузерите, Кристин го запознала и својот сопруг, Питер,
главниот инженер на екипажот, со кого ја дели љубовта кон животот на море. Иако
се пензионирала од позицијата директорка на крстарења, сега ѝ е дозволено да
живее на брод како гостинка на својот сопруг.

Меѓутоа, таа
се посветила на создавање содржини и го документира својот секојдневен живот на
крузерите на ТикТок, каде има повеќе од милион следбеници.

Открила
една работа која не смее да ја прави на брод

Кристин
често истакнува дека животот на крузер е посебен свет што многу луѓе не го
разбираат. Токму поради таа тајност, вели таа, секој инцидент на брод брзо
станува вест. Сепак, тврди дека крузерите се многу побезбедни отколку што
луѓето мислат.

Таа
нагласува дека повеќе од 260 крузери различни компании секојдневно пловат по
морето и дека сериозните инциденти се исклучително ретки. Здравствените ризици,
кои многумина ги спомнуваат, ги сведува на основната хигиена, додавајќи дека
нејзиниот сопруг се разболел само еднаш во 34 години на море.

Животот на
брод, се разбира, има свои предности. Како сопруга на член на екипажот, Кристин
има пристап и до просториите за персоналот и за патниците, користи базен, спа
центар и ресторани, и секогаш запознава нови дестинации кога бродот
ќе пристигне во пристаниште.

Меѓутоа,
постојат и јасни правила. Една работа која не смее да ја прави на брод е –
коцкањето. Таа исто така внимава на приватноста на другите и не снима гости или
членови на екипажот во своите видеа без нивна дозвола, нагласувајќи дека го
почитува одморот и личното време на другите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал не треба да се плаши од Халанд, туку од друг играч на Сити

Следно

ЏОРЏ КЛУНИ, НАЈГОЛЕМИОТ ХОЛИВУДСКИ ШМЕКЕР, ДОНЕСЕ ВАЖНА ОДЛУКА

Latest from Blog

Мицкоски: Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови

Владата нема да влезе во процес на уставни измени без исполнување на два клучни услови, изјави премиерот Христијан Мицкоски. -Важно е две работи да се константа и тие се непроменливи. Прво, мора

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон
Go toTop