Арсенал не треба да се плаши од Халанд, туку од друг играч на Сити

December 15, 2025
1 min read
Фото: x.com/ManCity

Борбата за титулата во англиската Премиер лига станува сè поожестока. Иако Арсенал во саботата со драматична победа против Вулверхемптон (2:1) ја задржа лидерската позиција, главните конкуренти не попуштаат. Манчестер Сити и Астон Вила исто така запишаа победи и останаа во чекор со врвот на табелата.

Сити со убедливи 3:0 славеше на гостувањето кај Кристал Палас, а иако Ерлинг Халанд постигна два гола, легендарниот Џејми Карагер во прв план го стави Фил Фоден. Младиот Англичанец во последните четири првенствени кола постигна дури шест гола, со што повторно ја воодушеви фудбалската јавност.

„Пред една-две години беше играч на сезоната, но минатата година од некоја причина не беше на своето ниво. Сега изгледа како целосно да се врати“, изјави Карагер и додаде: „Кога Фоден е во топ-форма, тој е еден од најдобрите играчи во лигата. Постојано повторувам – не е Халанд тој од кого Арсенал треба најмногу да се плаши, туку токму Фоден. Халанд е константа, постигнува 30 или 40 голови секоја сезона. Но ако Фоден повторно ‘влезе во ритам’, ќе биде вистинска напаст и голема грижа за конкуренцијата.“

Карагер се осврна и на Астон Вила, која се наоѓа само бод зад Сити и три бода зад водечкиот Арсенал. Клубот од Бирмингем ја продолжи својата сензационална серија со победа од 3:2 против Вест Хем, иако двапати беше во негатива.

„Ако зборуваме за тренери, во моментов само Гвардиола е над Емери. Погледнете го неговото СV и сè што има направено во кариерата – тоа е врвно ниво“, заклучи Карагер.

Борбата за титулата допрва започнува. Веќе следната недела Астон Вила ја очекува дерби дуел со Манчестер Јунајтед, додека Сити најпрво ќе го игра четвртфиналето од Лига купот против Брентфорд, а потоа во сабота го пречекува Вест Хем.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Започнуваме силен инвестициски циклус во општина Карпош

Следно

ЖИВЕЕ НА КРУЗЕРИ ВЕЌЕ 13 ГОДИНИ, НО ЕДНА РАБОТА НЕ И Е ДОЗВОЛЕНА

Latest from Blog

Сообраќајот се одвива непречено, без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за

Анчелоти го отпиша Нејмар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го објави списокот на играчи за претстојните пријателски натпревари против Франција и Хрватска. Фудбалската репрезентација на Бразил ќе игра против Франција во Бостон на
Go toTop