Димитриеска-Кочоска: Трезорот не се затвора, исплатите продолжуваат редовно

December 15, 2025
1 min read

Трезорот функционира нормално и нема никакво затворање ниту стопирање на исплатите, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, реагирајќи на објавите дека Трезорот ќе се затвори на 15-ти во месецов поради наводен недостиг на приливи.

„Не сме го заклучиле Трезорот. Ова прашање деновиве излезе од контрола. Посебно е неразбирливо кога вакви тврдења доаѓаат од опозицијата, која до вчера беше власт и многу добро знае како функционира Трезорот“, рече Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања.

Таа појасни дека станува збор за рок што им е даден на институциите да ги достават своите налози до трезорските канцеларии, а не за затворање на Трезорот. Рокот до 15-ти, како што истакна, е со цел подобра организација и навремена реализација на сите исплати до 31 декември.

 

Министерката потсети дека постои упатство според кое налозите во Трезорот стојат до 15 дена поради дополнителни проверки, како и даночен календар според кој даноците се собираат до 25-ти во месецот, што, според неа, целосно ја демантира тезата за затворање на Трезорот.

„Имаме приливи и ги планираме одливите. Пред почетокот на месецот се шпекулираше и дека пензиите нема да се исплатат навреме, а тие беа исплатени без доцнење. Сè што пристигнува во Трезорот како налог, се исплаќа навремено“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека и по 15-ти ќе се примаат налози, иако институциите се охрабруваат да ги достават навреме за полесна организација. Според неа, тврдењата дека Трезорот се затвора се крајно несериозни.

„Трезорот ќе работи до 31 декември, како и секоја година. Тоа е сектор кој често работи и до доцна навечер, со цел сите обврски да се сервисираат навреме“, истакна министерката.

Во врска со наводните доцнења на социјалните трансфери, Димитриеска-Кочоска рече дека во Трезорот нема неисплатени налози и дека евентуалните задоцнувања се резултат на постапките во ресорните институции.

„Станува збор за нови решенија кои чекаат да бидат внесени во систем. Во петокот беа извршени исплати од околу три милијарди денари, од кои 2,4 милијарди се блок-дотации за образование, вклучително и исплатата на К-15“, рече таа.

Министерката оцени дека Буџетот е во одлична кондиција и дека сите обврски ќе бидат сервисирани навреме, како и во претходните години.

„До 31 декември сè ќе биде јасно и видливо. Реализацијата ќе го покаже тоа“, порача Димитриеска-Кочоска.

Во однос на кратењето средства за ретки болести, таа истакна дека Министерството за финансии ги реализирало сите барања што ги доставиле институциите.

„Ние делиме лимити, а секоја институција самостојно одлучува како ќе ги распредели средствата и кои ќе бидат нејзините приоритети. Тоа е одлука на ресорните министри“, рече Димитриеска-Кочоска.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓу жртвите во нападот во Сиднеј и фудбалер на македонскиот клуб Рокдејл Илинден

Следно

НОВ СКАНДАЛ: Приведен Дејан Манасков

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop