Законот налага СДСМ да го предложи премиерот сто дена пред избори, бил тој и Албанец

March 15, 2023
4 mins read

Првиот вицепремиер вели дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе биде тој што ќе го предложи премиерот Албанец. Меѓутоа, ако се излезе од политичките рамки и фокусот се префрли на Законот за Владата, тогаш тоа би значело дека премиерот што ќе го избере ДУИ формално-правно ќе треба да го предложи СДСМ

Темата што последните два дена ја форсира партијата на Али Ахмети, а во чиј фокус е преземањето на премиерската палка од личност од албанска етничка припадност сто дена пред парламентарните избори, кои според редовниот термин треба да се одржат догодина, отвора интересни прашања кои не се однесуваат толку на политичкиот договор меѓу СДСМ и ДУИ колку на законската регулатива.

Завчера и вчера и министерот за надворешни работи Бујар Османи и првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби во две одвоени можности изјавија дека за неколку месеци Владата на Северна Македонија ќе го има првиот премиер Албанец.

Настрана што отворањето на оваа тема токму сега може да е поврзана со намерата да се дефокусира јавноста од поделбите во ДУИ и од случаите во кои се вклучени високи функционери на оваа партија, а во кои постои сомнеж за корупција, изборот на премиер Албанец произлегува од коалицискиот договор меѓу СДСМ и ДУИ од 2020 година, потпишан од тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, и од Али Ахмети, според кој, во последните 100 дена од Владата до изборот на нова премиер ќе биде Албанец/Албанка.

За ова, како што истакна Груби во синоќешното гостување на косовската телевизија „Дукаѓини“, има согласност и ветување и од актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Ковачевски на првата средба пред да биде избран, на која беше и Зоран Заев и други, вети дека ќе важи истиот договор што беше постигнат со Ахмети и се ракувавме. Тој рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, а Албанец или Албанка ќе биде премиер“,

рече Груби.

Според него, Али Ахмети ќе биде тој што ќе го предложи премиерот Албанец и сигурен е дека нема да погреши во изборот.

Ова е што се однесува до политичкиот договор и коалицискиот контекст меѓу двете партии во Владата.

Ако се излезе од политичките рамки и фокусот се префрли на Законот за Владата, каде што е уредено прашањето за изборот на преодна влада што треба да ги спроведе парламентарните избори, темата е разработена од член 43 до члeн 50.

За конкретниот случај, кој е предмет на оваа мини анализа, особено интересен е член 43, кој предвидува дека претседателот на преодната влада, односно премиерот, доаѓа како предлог на најголемата партија од владиното мнозинство.

„Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство“,

пишува во член 43 од Законот за Владата.

Најголемата партија во владиното мнозинство е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), од чии редови е актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Ова значи дека кој и да биде изборот за премиер што ќе ја предводи Владата во стоте дена пред изборите и до формирањето нова влада, дали ќе го одреди лидерот на ДУИ, како што вели Груби, предлогот, според словото на законот, треба да дојде од најголемата партијата во владиното мнозинство, а тоа е СДСМ.

Дали во СДСМ се свесни дека тие ќе треба да предложат кадар за кој би одлучувал Ахмети, како што вели Груби, и дали имаат проблем со тоа, се прашањата што ги упативме до партијата, но до објавување на овој текст не добивме одговор.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, по синоќешната изјава на Груби за првиот премиер Албанец реагираа дека ДУИ му ги одбројува месеците на Ковачевски.

Инаку, во истата влада, која ако се формира според политичкиот договор што го нагласува Груби, раководена од кадар на Ахмети, ќе треба да партиципираат и двајца министри и тројца заменик-министри од партијата со најмногу пратеници во опозиција, во случајот ВМРО-ДПМНЕ.

Според Законот за Владата, ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да предложи министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и дополнителни заменик-министри за финансии, за земјоделство и за информатичко општество и администрација.

Идејата за премиер Албанец не е нова во македонскиот политички дискурс. Паролата „Премиер Албанец, зошто да не?“, беше дел од кампањата на ДУИ за парламентарните избори што се одржаа на 15 јули 2020 година. Ахмети тогаш на еден месец пред изборите во видеообраќање ја промовираше идејата и рече дека таа не се однесува ниту на ДУИ ниту на него лично.

Во тогашната кампања низ Скопје можеа да се забележат и билборди на кои се промовираше оваа идеја. На еден од нив, на пример, беше поставено прашањето „Кој ќе биде следниот премиер?“, а беа дадени три опции: едната беше фотографија на тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, друга на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ и третата беше силуета во чија заднина беше албанското знаме.

Имаше и светлечка реклама со порака „Зошто да не?“ на албански јазик, која ДУИ ја постави на Скопското кале.

Во тогашните јавни настапи, Ахмети зборуваше дека на ум има десетина можни кандидати за премиер, а потоа партијата се реши за Насер Зибери, кој подоцна беше избран за народен правобранител.

Очекувано, ДУИ не освои најмногу пратенички места на изборите на 15 јули 2020 година, па седна на преговарачка маса за формирање влада со СДСМ кој беше во предизборна коалиција со Беса и другите партнери.

Преговори за формирање влада, август 2020 година / Фото: СДСМ

Политичкиот договор кој падна во преговорите летото 2020 година, беше Заев да биде премиер, а сто дена пред избори да се повлече и на чело на Владата да застане Албанец. Тогаш првпат се воведе и функцијата прв вицепремиер на која беше именуван Артан Груби.

Критиките што тогаш се слушаа за идејата за прв премиер Албанец од останатите партии од албанскиот блок беа дека тоа е политички блеф, дефокусирање на јавноста и евтин предизборен трик на ДУИ.

Се противеше и ВМРО-ДПМНЕ, која во јавноста предлагаше и укинување на законската одредба за формирање преодна влада сто дена пред парламентарни избори, за што во јануари 2022 година од партијата поднесоа и предлог-законски измени.

Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, во своите настапи изминатиот период тврдеше дека и оваа партија се согласила да има прв премиер Албанец и оти за ова лично разговарале Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополоски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од Влада Урошевиќ добитник на наградата „Роман на годината“

Следно

Ердоган за членството на Финска во НАТО: „Ќе го направиме тоа што е до нас“

Latest from Blog

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг

Николоски: Невозможно е да се комуницира со Бугарија за отворените прашања, техничката влада нема легитимитет да преговара

Македонија ги промовира своите позиции – уставни измени со одложено дејство пред земји кои се главни играчи на европската политичка сцена и тоа е многу важно за нас, истакна заменик претседателот на

Нетанјаху ќе го достави договорот за прекин на огнот со Либан на одобрување пред кабинетот за безбедност

ЕРУСАЛИМ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетатајаху изјави дека до кабинетот ќе го претстави нацрт-договорот за прекин на огнот со Либан, известува Анадолу. Нетанјаху објави видео-порака во која истакна дека времетраењето на

Мицкоски ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија
Go toTop