Луксузна копија на „Наполеоновиот законик“ на аукција во Брисел

December 12, 2025
1 min read

Станува збор за збирка правни текстови од почетокот на 19-от век, изработени по налог на тогашниот француски император Наполеон Бонапарта, со кои бил надополнет Францускиот граѓански законик.

Според расположливите информации, постојат само две копии на оригиналниот „Наполеонов законик“ испишани на пергамент. Едната, за кој се тврди дека му припаѓала на самиот Наполеон, се наоѓа во Националната библиотека во Париз, а втората ќе се најде на денешната аукција во Брисел.

Според аукциската куќа „Аренберг“, станува збор за „извонредна луксузна копија“ од второто издание од 1807 година, отпечатена на пергамент. Тоа воедно е прво издание кое се појавува под називот „Наполеонов законик“ и е поретко од оригиналниот документ од 1804 година.

Се претпоставува дека оваа верзија веројатно му припаѓала на францускиот врховен судија и министер за правда Клод-Амброаз Рение, кој бил еден од авторите на законикот.

Во 1886 година копијата дошла во сопственост на белгискиот адвокат, писател и љубител на уметноста Едмон Пикар, кој потоа ја реставрирал, вклучувајќи и „пораскошни амблеми и грбови на Наполеон“.

Со „Наполеоновиот законик“ се воведни униформност и конзистентност во граѓанското право и принципот за еднаков третман пред законот на секој поединец, без разлика на неговото социјално потекло и се гарантирани личната слобода, слободата на вероисповед и правото на сопственост.

Друг важен принцип во Законикот е одвојувањето на црквата од државата, со што регистрацијата на раѓањата, склучувањето бракови и смртни случаи се префрла од надлежност на црквата на државната администрација.

„Наполеоновиот законик“ стана основа на граѓанското право на Франција, но и на многу други земји, вклучувајќи ги и Белгија и Холандија. Некои од неговите принципи, делумно адаптирани, сè уште се дел од современото граѓанско право.

Таа адаптација, пред сè се однесува на правата на припадничките на женскиот пол, бидејќи во оригиналниот „Наполеоновиот законик“ жените немаат исти права како мажите и тие остануваат потчинети на своите сопрузи или други машки членови на семејството.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просветление грешним

Следно

Видео- фото: Ким Кардашијан доаѓа во „Fortnite“, го откри изгледот на својот лик

Latest from Blog

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop