“Бомба“ во најава: Лаутаро Мартинез во Барселона?!

December 12, 2025
1 min read
ФОТО: Inter/FB

Роберт Левандовски ја игра последната сезона во дресот на Барселона. Токму затоа во јавноста се шпекулира со повеќе имиња како негов наследник. Хари Кејн, Хулијан Алварез, а се споменува и капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез.
Ханси Флик наводно бара напаѓач кој може да донесе енергија, ефикасност и долгорочна стабилност во врвот на нападот.
Токму затоа името на аргентинскиот голгетер се споменува сè почесто во круговите блиски до каталонскиот клуб. Лаутаро е еден од најопасните напаѓачи во Европа со години и редовно постигнува голови за Интер. Неговите физички карактеристики, техничката зрелост и способноста да игра како класична и мобилна деветка дополнително го прават привлечен избор.
Барселона веќе некое време се соочува со потребата да го освежи офанзивниот дел од тимот, особено со оглед на возраста на Левандовски.
Според шпанските медиуми, самиот Лаутаро Мартинез е отворен за можноста да се пресели во Шпанија.
Аргентинецот наводно изразил интерес да започне нова фаза од својата кариера во еден од најголемите клубови во светот. Се вели дека идејата да игра во Ла Лига и соработката со Ханси Флик дополнително му одговараат.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Италија се соочува со големи прекини во јавните услуги поради генерален штрајк

Следно

Фото: Што се случи со лицето на Бредли Купер

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop