Мечот Фенер – Штутгарт под истрага за нелегално обложување

December 10, 2025
1 min read

Големата  истрага во Турција на тема нелегално обложување, го опфати и мечот од Лигата на Европа помеѓу Фенербахче и Штутгарт.

Истиот се одигра во октомври, а сомневањата се пред се на чудни движења и потези на некои фудбалери.

Според информациите од турскиот весник „Сабах“, истражителите се насочени кон обложување кое точно предвиде дека играчот од средниот ред на Фенербахче, Исмаил Јуксек, ќе добие жолт картон во 98. минута од натпреварот. Обложувањето наводно го направил Ерсен Дикмен , кој е близок до играчот од средниот ред на Фенербахче, Мерт Хакан Јандаш . Двајцата моментално се во притвор и чекаат судење по обвинение за вмешаност во местење натпревари и нелегално обложување.

Според истражителите, Јандаш му префрлил пари на Дикмен, кој постојано правел облози поврзани со специфични дејствија од страна на Јуксек како што е добивање картон или извршување на одреден број прекршоци.

Истрагата се водеше и по други натпревари на Фенербахче, вклучувајќи го и натпреварот против Славија Прага во 2024 година. Се наведува дека Дикмен направил 15 одделни облози дека Исмаил Јуксек ќе направи најмалку три прекршоци во овој натпревар играчот од средниот ред направил пет прекршоци, што ги направило сите облози профитабилни.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Децата во Австралија продолжија да ги користат социјалните мрежи и покрај забраната

Следно

Сања Божиновска на традиционалниот шведски концерт пред Божиќ

Latest from Blog

Трамп го прашал Си дали сака да купи американско оружје

Гостувајќи во емисијата „Fox News Sunday“, Пердју потврди дека Трамп ја покренал можноста за продажба на американско оружје на својот сè помоќен геополитички ривал. Таквата неочекувана продажба, доколку се реализира, би претставувала

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop