Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

December 9, 2025
1 min read

Исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори се одвива во континуитет, изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Посочи дека исплатата на надоместокот за породилно отсуство тековно се одвива и за ноември се исплатени над 6.600 породолни отсуства.

-Правиме анализи и согледувања дали има заостанати, исплати бидејќи бројот на исплатени породилни отсуства секој месец варира, немаме константен број. Можниот обем во декември е решен со прераспределбата во буџетот каде е зголемена позицијата за породилни отсуства и кај нас и во Министерството за економија и труд, бидејќи имавме раст на вкупниот број породилни исплати поради зголемувањето на платите, а не поради зголемување на бројот на родени бебиња и породилни отсуства, истакна Клековски.

Во врска со информациите дека се доцни со исплата на капитации за матични доктори тој рече дека нема задоцнување во исплатите.

-Од редовноста во исплатата од јули 2024 година може да се види дека Фондот за здравствено осигурување се придржува на договорените обврски, а тоа е исплата во рок од 60 дена од доставената фактура на матичните лекари и исплатата за ноември од 493 милиони денари во моментот се реализира. Од исплатите за матичните лекари може да се види дека ветеното зголемување од 33 отсто на капитациите на матичните лекари е исполнето, посочи Клековски.

Додаде дека заклучно со денеска активни се 948 договори за општа медицина, 972 за општа стоматологија и 149 за гинекологија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

Следно

ВИДЕО: Милијардер ги предизвика рамноземјашите: Докажете, еве ви три милијарди долари

Latest from Blog

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на

Светски економски форум: Македонија со раст од 14,5% во чистата енергија

Додека глобалната енергетска транзиција забавува под притисок на геополитичките кризи, високите инвестициски трошоци и недоволно развиената инфраструктура, Македонија е меѓу државите што годинава бележат најголем напредок во развојот на чистата енергија. Ова

Меџити: Објавен јавниот повик за поставување нови лифтови во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека е објавен јавниот повик за финансиска поддршка за поставување нови лифтови во колективните станбени згради во општината, со што започнува реализацијата на еден од
Go toTop