Кочоска: Новиот буџет е основа за посилен раст и поголема доверба во институциите

December 9, 2025
1 min read

Расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2026 година денеска започна во Собранието, при што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска нагласи дека документот претставува „јасна економска порака за стабилност, доверба и развој“. Таа истакна дека новиот буџет обезбедува континуитет на макроекономската стабилност, фискална консолидација и отвора простор за повисок економски раст.

Според проекциите, БДП наредната година треба да порасне за 3,8 проценти, додека инфлацијата е планирана на 2,5 проценти. Вкупните приходи се планирани на 374,9 милијарди денари, расходите на 414,2 милијарди денари, а буџетскиот дефицит ќе изнесува 39,2 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

Министерката пред пратениците рече дека буџетот се темели на реални економски параметри и дека обезбедува навремено сервисирање на сите обврски, вклучително и отплатата на еврообврзницата. Таа додаде дека фокусот е на инфраструктурата, човечкиот капитал и поттикнување на продуктивноста во домашната економија.

„Овој буџет не е само документ со бројки – тој е потврда за одговорно управување со јавните финансии. Покажуваме дека може да се обезбеди стабилност без популизам и без краткорочни калкулации“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Во матичната Комисија за финансирање и буџет беа поднесени околу 200 амандмани, од кои шест беа прифатени. Со нив се обезбедуваат дополнителни средства за кадровско зајакнување на ОТА, реконструкција на натпатникот Штип–Чардаклија, отворање психосоцијални центри за млади, опремување на службите за итна помош и уредување на спортската сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Гостивар.

Пратениците по скратена постапка го прифатија и донесувањето на законот за извршување на буџетот за 2026 година, како и измените на законите за административни службеници и стручна обука во јавниот сектор.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Брижит Макрон ги нарекува феминистките кои протестираат против силување „валкани ку*ви“

Следно

Клековски: Нема доцнење во исплатата на надоместокот за породилно отсуство и на капитациите за матични доктори

Latest from Blog

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините
Go toTop