Ескалација на југоистокот – Тајланд започна воздушни напади, прекинат е „Трамп“ договорот за примирје

December 8, 2025
1 min read

Мирот во Југоисточна Азија е прекинат. Тајланд започна воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако пропадна кревкото примирје кое во октомври го исдејствуваше американскиот претседател Доналд Трамп.


Илјадници цивили повторно се во бегство. Тајландската армија потврди дека користи борбени авиони за, како што велат, сузбивање на нападите од страна на Камбоџа.

„Камбоџанската страна отвори оган во многу дополнителни области во зори… Тајланд возврати според нашата стратегија за одговор, фокусирајќи се на воените цели кои ги започнаа нападите врз Тајланд… Исто така побаравме воздушна поддршка од военото воздухопловство“, порача генерал-мајор Винтаи Суваре.


Официјален Бангкок тврди дека еден нивни војник е убиен, а осуммина се ранети. Министерството за одбрана на Тајланд соопшти дека над 35.000 луѓе веќе ги напуштиле пограничните села.

Од другата страна на границата, Пном Пен ги отфрла обвинувањата дека први пукале. Тие пријавуваат цивилни жртви и ја повикуваат меѓународната заедница итно да реагира.


„Камбоџа ја повикува меѓународната заедница силно да го осуди прекршувањето на Заедничката декларација и повторените нелегални дејствија на Тајланд. Бараме Тајланд веднаш да ги прекине сите непријателства кои го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот“, вели Мали Сочеата.

Тензиите тлеат со месеци. Иако претседателот Трамп во ноември изјави дека „спречил војна“ меѓу соседите, инцидентите со нагазните мини минатиот месец го разнишаа примирјето.

Двете кралства имаат историја на непријателство што датира со векови, а модерниот спор произлегува од несогласувањата околу мапата исцртана уште во времето на француското колонијално владеење во 1907 година. Додека дипломатијата е во ќорсокак, илјадници семејства ноќва спијат во привремени засолништа.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пет работи што ќе ви помогнат да се справите со секојдневниот стрес

Следно

Нови 243 содржини на македонски јазик на Википедија создадени за време на Вики-кампот на Попова Шапка

Latest from Blog

Doli: Edhe 15 minatorë dolën nga miniera

Pesëmbëdhjetë minatorë kanë dalë nga miniera pas disa orësh të vështira të kaluara të ngujuar në thellësi, duke sjellë lehtësim dhe shpresë për familjarët dhe kolegët e tyre. Lajmin e ka bërë

Божиновска: Со Австрија отвараме нови можности за енергетска соработка

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Виена оствари работна средба со Северин Грубер, генерален секретар на Сојузното министерство за економија, енергетика и туризам на Австрија. Во фокусот на

Претреси во просториите на најголемите производители на пиво во Јапонија

Асахи и Кирин потврдија за Би-Би-Си дека нивните канцеларии биле претресени од страна на Јапонската комисија за фер трговија, додавајќи дека целосно ќе соработуваат со регулаторното тело. Извештаите покажуваат дека биле претресени
Go toTop