Лековите за кашлица најчесто не делуваат – медот еднакво ефикасен

December 7, 2025
1 min read

Кашлица што ве мачи или ве држи будни преку ноќ, не мора веднаш да посегнувате по специјални сирупи или таблети е заклучокот на германска анализа. Германската организација за заштита на потрошувачите „Стифтунг Варентест“ предупредува дека поголемиот дел од лековите за кашлица немаат доволно докажана ефикасност.

Имено, во аптеките најчесто се нудат два вида препарати: едните ја разредуваат слузта за полесно искашлување, додека другите го намалуваат надразнувањето кај сувата кашлица. Но, според анализата на германските експерти, ниту природните, ниту синтетичките лекови за потиснување на кашлицата не го поминале тестирањето.

Во извештајот стои дека „Купувачите можат да заштедат пари на лекови за кашлица“. Тие укажуваат дека ефикасноста на овие препарати не е научно потврдена, а дел од активните состојки носат и ризици. Како пример се наведува декстрометорфанот, супстанца што во ретки случаи може да предизвика зависност или халуцинации.

Лековите за искашлување поуспешно поминале, кои генерално се оценети како „прикладни, но со претпазливост“. Иако нивниот ефект е утврден, тој е оценет како умерен.

Стручњаците додаваат дека не е неопходно веднаш да се купуваат препарати – медот може да помогне исто толку. Чист мед или додаден во топол чај може да го смири надразнувањето. Иако научните резултати не се конечни, ефектот е споредлив со оној на испитаните лекови, чие дејство е ограничено.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Програма која ја истакна големината и значењето на делото на овој наш просветител

Следно

Селта приреди сензација: Реал доби жешка шлаканица на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Честитки до Јустина Широка Пула, Косово има потреба од стабилност и единство

Изет Меџити го поздрави изборот на академичката Јустина Широка Пула за нова претседателка на Косово, оценувајќи дека нејзиниот избор претставува признание за нејзиниот интелектуален и академски придонес. „Новата претседателка на Косово, академичката

Божиновска: Градиме поголема енергетска сигурност преку регионално поврзување

На вториот регионален состанок во Белград, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со колегите од Србија, Грција и Бугарија разговараше за конкретни чекори за зајакнување на енергетската сигурност во
Go toTop