Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

December 6, 2025
1 min read

За жал, во овој момент не постои висок степен на желба за дијалог од страна на соседна Бугарија, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Како што рече, искрено се надева дека тоа ќе се промени затоа што штета од закочениот процес немаме само ние, туку „исто така штетата ја трпи и Бугарија којашто губи време да има сосед којшто е поскоро земја членка на ЕУ“.

– Тоа е во нивни и економски, и политички, и национален интерес, и верувам дека ќе постои рацио и рационалност кај нашите соседи … Има желба кај Европската Унија и кај одредени земји членки да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение. Но, ги уверувам нашите граѓани дека не треба да имаат никаква грижа по однос на позициите на Владата – тие се сосема јасни и нема да прифатиме никакви отстапки што се поврзани со нашите основни идентитетски обележја – нашиот јазик и нашата историја, изјави Муцунски во интервју за ТВ Сител.

На прашање дали ќе има предвремени парламентарни избори, министерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека целта на нивната партија е да завршат целосен парламентарен мандат.

-Тоа значи следните парламентарни избори да бидат во 2028 година. Но, секако, не може да се исклучи да настанат некои промени бидејќи политиката е жива материја и има процеси коишто не секогаш единствено зависат и од нас. Во овој момент, мислам дека сме поблиску до тоа да имаме редовни парламентарни избори, но ќе ги следиме процесите и ќе видиме во која насока тие ќе се движат во следниот период, рече Муцунски.

Во врска со т.н. бомби на СДСМ со кои се обвинуваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ за криминал, Муцунски рече дека „СДСМ подолг период покажува ширење наратив на лажни вести и дезинформации за да ја маниплираат јавноста“.

-Институциите се слободни да истражат сè што мислат дека треба да истражат, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем. Доколку се утврди дека некој нејзин член или именуван функционер е одговорен за криминал и корупција, тој или таа да биде предмет на одговорност. Најдобар доказ е случајот со директорот на ИПАРД-агенцијата. Но, мислам дека тоа што го гледаме особено во последните неколку дена, што се шири за одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ, е наратив на лажни вести. Најчудно е, можеби, што наративот за корупција доаѓа од политичката партија која седум години беше синоним за корупција, изјави Муцунски.

На опозициската партија тој и порача „да се реформира и да си обезбеди ново кадровско освежување и јасно да ги препознае и да има капацитет да ги признае своите грешки од минатото, посебно во полето на надворешната политика“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сити сигурен против против Сандерленд

Следно

Аеродромот во Вилнус повторно затворен

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop