Интересен лик: Овој скопјанец знае над 5.000 вицеви и редовно медитира

March 15, 2023
1 min read

72-годишниот скопјанец Новчо Цветковски е навистина интересен лик. За него од Црвениот крст на Град Скопје споделија интересни и инспиративни факти, а воодушеви со неговиот гест по повод Осми март. 

-Човек кој во седумдесетите со својата пезетка патувал до Одеса, човекот кој знае повеќе од 5 000 вицеви, ништо запишано, туку сѐ во својата главата. Крводарител кој дарувал крв 77 пати, иницијатор на отварање на Клуб на крводарители во ГТЦ и голем мотиватор во оваа област. Повеќе од десетина години е активен во “Дневниот центар за лица во трето доба” на Црвен крст на град Скопје. Заедно со својата сопруга посетувале чи-конг вежби, активност која со години ја практикуваме во овој центар за лица во трето доба.

За 8 Март, Меѓународниот празник на жената, тој на 80 жени во Дневниот центар им подари цвет. Ова негово внимание е во чест на неговата прерано почината сопруга за која има само преубави зборови, преубави спомени и со која имал прекрасен живот, споделија од Црвенито крст на Скопје. 

Чи-конг претставува вештина која е дел од кинеската традиционална медицина, која во себе содржи техники за дишење, бавни движења и медитација, со цел зголемување и зајакнување на циркулацијата на енергија во телото. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите најавија блокади низ Скопје: Негрижата на МОН нè принудува со протести да си ги бараме своите права

Следно

Двајца загинати и четворица изчезнати во свлечиште во Индонезија

Latest from Blog

Во Казахстан денеска референдум за нов Устав, што ќе ја зајакне моќта на претседателот

Според предлогот, двата дома на казахстанскиот Парламент би се споиле во еден и би му дале право на претседателот да ги назначува сите владини функционери, вклучително и повторно воведување на функцијата потпретседател.

Мајорка со пресврт до домашен триумф

Екипата на Мајорка во приот денешен дуел од програмата во шпанска Примера на свој терен успеа да го совлада Еспањол со 2:1. И тоа со пресврт откако гостите преку Пикел поведоа со
Go toTop