Манчестер Сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола!

December 3, 2025
1 min read
ФОТО: FC Bayern München/FB

Така тоа го прават големите клубови. Иако договорот на Манчестер Сити со Пеп Гвардиола е со важност до 2027 година, “Граѓаните“ уште сега го избраа неговиот наследник. Белгиецот Винсент Компани одненадеж доби шанса да го води Баерн од Минхен. Тој пристигна во клубот на мала врата во летото 2024 година и се покажа дека неговиот ангажман беше апсолутно вистинскиот потег за Баварците.
Тимот од Минхен игра навистина феноменално. Офанзивниот фудбал е нешто што ги привлекува апсолутно сите, и така Компани го привлече вниманието кон себе.
Манчестер Сити го следи развојот на ситуацијата околу 39-годишниот тренер. Со оглед на тоа што Пеп Гвардиола заминува во јуни 2027 година, „Граѓаните“ го гледаат својот поранешен капитен како идеална замена на менаџерската позиција. Тие ќе му пристапат на Компани по заминувањето на Пеп, ќе му понудат соработка и се верува дека би можела да се иницира нова соработка меѓу двете страни.
Легендата на Баерн, Ули Хенес, исто така го гледа Компани како нов менаџер на „Граѓаните“. Тој тврди дека би бил идеален наследник на легендарниот Шпанец. „Компани научи многу од Пеп Гвардиола. Кога Макс Еберл го предложи како трета или четврта опција за тренер, Карл-Хајнц и јас го повикавме Пеп и го прашавме за неговото мислење. Ни ја кажа најдобрата работа за него: Можете веднаш да го земете затоа што е фантастичен тренер. Ќе го преземе Манчестер Сити кога повеќе нема да бидам тука“.

Винсент доаѓа во 7:30 часот наутро и си заминува во 18:00 часот навечер. Разговара со играчите, сака да ги направи подобри. Малкумина од нив го прават тоа така секој ден“, рече Ули Хенес.

Белгиецот е играчка икона и поранешен капитен на Сити. Играше за овој тим 11 години и се појави во 360 натпревари. Ќе имаше многу повеќе ако не беше одвоен од теренот поради повреди.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за спорт со поддршка за лицата со попреченост

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на денот

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop