Министерството за спорт со поддршка за лицата со попреченост

December 3, 2025
1 min read

Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во Владатаприсуствуваше на одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. На одбележувањето присуствуваа и вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, министри и заменици министри во Владата, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, како и в.д. постојаниот координатор на ООН, Армен Григорјан. Заедничката порака беше декаинклузијата не е избор – таа е обврска.

Министерот Ристовски оддаде почит на храброста и упорноста на лицата со попреченост и ја истакна важноста на еднаквите можности и инклузијата во општеството.

Тој истакна дека Министерството за спорт продолжува со континуирани активности за создавање услови за вклучување на лицата со попреченост во спортот, со цел спортот да биде достапен за секој поединец .

-Секој човек заслужува еднакви можности и достоинственпристап. Нашата цел е да ја унапредуваме достапноста, поддршката и условите за лицата со попреченост. Како Министерство за спорт, континуирано работиме да создадеме реални можности за нивно активно вклучувањево спортот – затоа што спортот е право, мотивација и сила за секого – изјави министерот Борко Ристовски.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленет кокаин вреден 9 милиони долари во Австралија

Следно

Манчестер Сити го избра наследникот на Пеп Гвардиола!

Latest from Blog

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop