Благодарение на вашата помош, dm донира 559.342 денари за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

December 3, 2025
1 min read

Седма година по ред, dm дрогерие маркт успешно ја спроведе својата иницијатива „Giving Friday“, претворајќи го денот на најголемите попусти во ден на дарежливост и солидарност.

На 29 ноември, со поддршка на своите верни купувачи, компанијата успеа да собере импресивни 559.342 денари. Овие средства, кои претставуваат 5% од вкупниот дневен промет од сите dm дрогерии, ќе бидат наменети за набавка на пакети со храна за социјално загрозени сограѓани, кои ќе бидат дистрибуирани преку хуманитарната организација „Свети Спас“.

„Иницијативата ‘Giving Friday’ стана симбол на заедништво и добрина во нашата заедница. Горди сме што секоја година расте свеста за важноста на помагањето, а поддршката од купувачите тоа најдобро го докажува. Секоја посета на dm дрогериите на овој ден не беше само обично купување, туку придонес кон една поголема, хумана цел. Заедно, уште еднаш покажавме дека добрината е нашата најголема сила,“ изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Од 2019 година, dm ја спроведува оваа општествено одговорна иницијатива под слоганот „Giving is the new black“. Последниот петок во месец ноември, наместо попусти, dm донира 5% од дневниот промет остварен во сите dm дрогерии во земјата, со цел да ги вклучи своите купувачи во една голема филантропска акција која ја поттикнува солидарноста и хуманоста.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Помив се и сешто, и СЕГА СУМ МРТВА УМОРНА…“

Следно

„Вака изгледаат 60 години“: Една од најплатените манекенки во ’80-те позираше во долна облека

Latest from Blog

Израел детонираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 ПО РИХТЕР

Во четвртокот вечерта, Израел спроведе операција на ридот Али Тахер, стратешки рид јужно од Набатија. Моќните експлозии испратија ударни бранови низ јужен Либан и предизвикаа земјотрес со магнитуда од 4,1 степен. Според

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која
Go toTop