МФ: Кон компаниите пласирани над 200 милиони евра за поддршка на инвестиции, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

December 2, 2025
1 min read

Министерството за финансии (МФ) изврши исплата од 785 милиони денари кон Развојната банка за поддршка на домашните компании. Станува збор за седма транша којашто се префрла од централниот буџет кон Развојната банка, од средствата наменети за поттикнување инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра.

-Со оваа транша износот којшто државата го има инјектирано во домашната економија за поддршка на инвестиции надминува 200 милиони евра. Имено, преку шест исплатени транши се пласирани 190,5 милиони евра, наведуваат од Министерството за финансии.

Средствата коишто во Буџетот за 2025 година се проектирани на ниво од 250 милиони евра, додаваат, се обезбедија по поволни услови од унгарската Експорт-импорт банка и исто така по поволни услови се пласираат кон крајните корисници, односно домашните компании. Каматната стапка на годишно ниво изнесува 1,95 проценти и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проф. д-р Лука Поповски назначен за советник на министерот за спорт

Следно

Јапонски психотест ја открива голата вистина за вас: Одговорете на 8 прашања и ќе сфатите кои сте и каде сте упатени

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop