Костовски: Започнаа градежните работи за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци

December 2, 2025
1 min read

Градежните активности за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци напредуваат со одлична динамика, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој заедно со општинскиот тим денес изврши увид на терен, оценувајќи го проектот како „историски и од огромно значење за жителите на овие две населени места“.

Според Костовски, и покрај сомнежите и постојаните оспорувања од политичките опоненти, проектот веќе е реалност. Во моментов се работи на поставување на цевки на вториот крак од водоводот во насока на резервоарот во Љуботен, а за краток временски период се поставени стотици метри цевковод на два различни делови од трасата.

„Финансирањето за реализација на проектот е обезбедено од Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски, кое додели значителна сума средства за овој капитален проект што ќе им обезбеди чиста и безбедна вода за пиење на жителите преку градскиот водовод на Скопје“, истакна Костовски.

Костовски исто така изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, како и до вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, за огромната поддршка во реализацијата на овој исклучително значаен проект за општината и жителите на овој регион.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

Следно

Мицкоски за „Безбеден град“: Ќе го издржиме политичкиот удар, само да спасиме човечки животи

Latest from Blog

Современите технологии го менуваат рударството – професорката Лепиткова посочува пример од Иловица

Проектот за рудникот „Иловица–Штука“ предвидува примена на технологии кои денес се користат во современото рударство ширум светот, велат претставници на стручната јавност. Според професорката Соња Лепиткова, претседателка на Македонското геолошко друштво, една

Официјално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Фудбалската Федерација на Франција предмалку во своите простории свечено го претстави новиот селектор на репрезентацијата во името на легендарниот Зинедин Зидан. Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, за Франција и да

Николоски: Светска банка го потврди успехот – Македонија лидер во растот на авио-туризмот

Македонија бележи најголем раст на бројот на патници во авио-сообраќајот и туризмот во Европа и Централна Азија, според анализата на Светска банка, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.
Go toTop