Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

December 2, 2025
1 min read
ФОТО: Paris Saint-Germain/X

Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дие е најдобриот млад играч под 21 години. Со тоа напаѓачот на европскиот шампион ја доби и наградата “Голден бој“ во манифестацијата која се одржа во Торино во организација на “Туто спорт“. Лани беше Ламине Јамал, а оваа Дуе. Интересно е тоа дека Французонот од можни 500 поени, успеа да освои 450. На второто место се најде Арда Ѓулер од Реал Мадрид.

“Навистина сум многу среќен што стојам пред вас. Оваа награда значи многу за мене и ја посветувам пред сè на моите татко и мајка и целото семејство, кои секогаш ме поддржуваа низ годините. Му благодарам и на претседателот за довербата што ми ја укажа и што ме донесе во ПСЖ. Благодарност и до стручниот штаб, тренерот, сите волонтери што работат во клубот зад кулисите, но имаат фундаментална улога, како и до Луис Енрике, кој е тука вечерва, и секако, до сите мои соиграчи. На крај, би сакал да се заблагодарам посебно на една личност. Нема да кажам која е, но таа личност ќе знае дека мислам на неа“ посочи Дуе и додаде:

„Благодарен сум што станав професионален фудбалер, тоа е сон на секое дете. Освоив многу трофеи, а има уште многу што треба да се освојат, и колективно и индивидуално. Можам да ветам труд и дисциплина до крајот на кариерата. ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот и среќен сум што сум дел од него. Да сонуваш е првиот чекор што води кон амбиција, а амбицијата води кон работа за остварување на целите“.

Првиот човек на ПСЖ Насер Ал – Келаифи беше прогласен за најдобар претседател.

Посебно емотивен момент беше доделувањето на наградата „Златен играч“ (Golden Player) на Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа ова лето. Признанието го прими неговата сопруга.

„Ви благодарам на сите што го одржувате името на Диого живо. Би сакала да биде запаметен како добар човек и личност“, рече неговата сопруга, Руте Кардосо.

 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 1200 загинати и 800 исчезнати во поплавите во југоисточна Азија

Следно

Костовски: Започнаа градежните работи за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop