Уште еден банкрот: Освоија куп, сакаа да градат стадион, па ги избркаа од лига!

December 1, 2025
1 min read

Банкротот на фудбалските клубови во Италија веќе не е никакво изнеадување. Многу клубови поминале низ овој процес во последниве години: Наполи, Катанија, Палермо, Киево. Сценариото е секогаш слично. Има убави говори за големи проекти, презентации на нови стадиони, ветувања за „влегување во Серија А/Б“, а потоа се појавуваат долгови, доцнења во плаќањата и правни блокади. Во еден момент, сè се урива.

Од пред неколу дена истово сценарио ми се случи и на Римини. Поминаа само 235 дена од 8 април 2025 година, кога Римини го освои својот прв италијански куп во Серија Ц. Иако беше само третолигашки италијански куп, сепак беше професионален. Финалето против Џана Ерминио беше тешко, но тимот победи и обезбеди место во плејофот на лигата, каде што ја заврши сезоната на деветтото место. Неколку недели претходно, претседателот Ди Салво го претстави дизајнот за нов стадион и мултифункционален спортски центар во соработка со Аурора Имобилиаре. Планот изгледаше ветувачки, нудејќи нови услуги не само за клубот, туку и за целиот град.

Но, како што често се случува во Италија, прекрасната слика остана само тоа: прекрасна слика. Денес, нема ни трага од тој ентузијазам. Во јули претседателката на клубот Стефанија Ди Салво го објави почетокот на промената на сопственоста. Кога сите мислеа дека е готово, во август претседателката на градежната компанија заинтересирана за римини, Ана Скарчела, се повлече од договорот. Римини падна во тешка ситуација.

Од самиот почеток на сезоната, постоеше чувство дека годината ќе биде тешка. Покрај одземањето на 11 бода на 2 септември, се појавија и проблеми со тренерот. Пјеро Браља требаше да го преземе тимот, но, договорот на Браља беше невозможен поради недостаток на банкарска гаранција. На 6 ноември, спортскиот директор и извршен директор Стефано Џамариоли поднесе оставка. На 26 ноември дојде моментот од кој нема враќање. Националниот федерален суд пресуди дека клубот ги прекршил административните прописи и не ги платил своите обврски на време. Истата вечер, акционерите официјално покренаа постапка за ликвидација во Трговската и индустриската комора. Италијанската федерација веднаш изгласа исклучување на Римини од Серија Ц.

За помалку од една година, клубот од освојување на куп, сон за нов стадион и стигнување до плеј-оф, дојде до целосна ликвидација и исфрлање од професионалниот фудбал.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ербас брзо ги врати авионите во сообраќај по итна интервенција на софтверот

Следно

ФФМ: Милевски остави значаен придонес во националниот тим

Latest from Blog

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ
Go toTop