Болзано: Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

December 1, 2025
1 min read

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските.

Ова за македонскоти весник “Илинден” го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.

Со Резолуција, од име на Македонско друштвото “Илинден“ -Тирана и македонско национално малцинство во Република Албанија, ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Резолуцијата едногласно беше усвоена на Генералното собрание на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на 69 – конгрес во Болзано, Јужен Тирол, Италија, на кој учествува претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Следно

Ползењето е исклучително битно за здрав ран развој на детето

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop