Брачен пар пронајден мртов во Фиренца, станот облиен со крв: Истрагата оди во неколку насоки

December 1, 2025
1 min read

Италијанската полиција ја истражува мистериозната смрт на познатиот трговец со антиквитети Франко Ѓорџи (74) и неговата сопруга Џана ди Нардо (68), кои беа пронајдени мртви во нивниот дом во Фиренца. Нивните тела, со видливи убодни рани, ги открил нивниот син, што ја покренало истрагата во повеќе насоки, јавува италијанскиот РАИ.


Телата ги открил синот, кој во неделата околу 14:30 часот дошол да провери зошто родителите не одговараат на телефон. Според италијанските медиуми, станот бил облеан со крв, а траги од инцидентот имало во повеќе простории, што укажува дека можела да траела борба. Телата биле пронајдени помеѓу влезот и дневната соба.

Околностите на смртта сè уште не се јасни. Истражителите, предводени од обвинителката Роса Волпе и заменик-обвинителот Алесандро Пишителли, ги разгледуваат сите опции — од можност за убиство и самоубиство до двојно убиство извршено од трето лице. Се сомнева дека убодите биле нанесени со нож или друг остар предмет.


Според „Кориере дела Сера“, засега нема индиции дека од домот исчезнале вредни предмети, ниту се пронајдени траги од провала. На мажот му биле забележани порезни рани на вратот, а жената имала повеќе убодни рани по телото, вклучувајќи го и стомакот. Исто така, се наведува дека Франко Ѓорџи во последно време покажувал симптоми поврзани со депресија.

Карабињерите започнаа разговори со семејството, познаниците и соседите за да соберат сведочења и да ја реконструираат случката. Се прегледуваат и снимки од локалните надзорни камери. Од домот е запленет кујнски нож, а форензичарите ќе утврдат дали отпечатоците припаѓаат на една од жртвите или на трето лице. Судот нареди и обдукција.


И покрај тоа што зградата се наоѓа во густо населен дел, сè уште не е јасно како никој не слушнал врисоци или бучава од расправија.

Соседите се шокирани од трагичниот настан. „Секогаш беа многу љубезни и подготвени да помогнат“, велат дел од жителите, кои ги опишуваат како блиски и дружељубиви.

Франко Ѓорџи беше познат трговец со антиквитети и имаше значајна улога во професионалната заедница. Неговата галерија се наоѓа во центарот на Фиренца, меѓу квартовите Санто Спирито и Сан Фредијано.


Извор: tv21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во секој месец овие 3 дена се поволни за да се збогатите: Тогаш се склучуваат договори, се купуваат грепки и се бара покачување

Следно

Легендата на бугарскиот фудбал се бори за живот

Latest from Blog

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните

Демонстранти од заседа нападнаа министер- гореа возила и царинарница во Боливија (ВИДЕО)

Неговото возило беше пресретнато во градот Копата, но министерот подоцна беше пронајден и е безбеден, пишува Би-Би-Си. Замора предводеше операција за отстранување на блокадите поставени од антивладините демонстранти за да го отежнат

Вашингтон го менува фокусот, нов пристап кон западен Балкан – заврши периодот на „градење држави“

Соединетите Американски Држави ја напуштаат политиката на градење држави и интервенционизам во Западен Балкан и се свртуваат кон соработка, се наведува во извештајот на Стејт департментот до Конгресот за односите со Западен
Go toTop