Јаневска: Сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации со емпатија и критичко размислување

November 30, 2025
1 min read

Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата. Ова беше истакнато на денешната панел – дискусија „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ на Министерството за образование и наука, која се одржа во Струмица.

Наставници, родители и стручни лица разменуваа идеи, добри практики и искуства за тоа како од најмала возраст да се создадат услови за поттикнување на детскиот развој во целина.

Во првиот дел од панел-дискусијата учествуваа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, Ана Витанова – Рингачева, вонреден професор на катедрата за македонски јазик и литература на Филолошки факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип и Стојне Митева, психолог и гешталт терапевт при ООУ „Маршал Тито“ од струмичко Муртино.

Министерката Јаневска посочи дека токму наставниците имаат клучно влијание во развојот на децата и порача дека нивната улога е да го поттикнат потенцијалот и да им помогнат на младите да станат храбри, мислечки и сочувствителни личности.

„Кога наставникот ќе му даде на детето простор да се изрази, да прашува и да истражува, тогаш се случува вистинската магија, тогаш растеме генерации кои веруваат во себе и во моќта на знаењето“, истакна министерката.

Во вториот дел на панелот свои искуства и мислења споделија Трајче Бјадов, наставник по македонски јазик при ООУ „Герас Цунев“ – Просениково, Струмица, Архелос Туранов, директор при ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ од Струмица и Мери Доневска Костуранова, родител и претседател на Совет на родители при струмичкото СОУ „Јане Сандански“. Сите беа согласни дека развојот на критичко размислување, храброст и сочувствителност од најмала возраст се клучни во градењето на личноста и истакнаа дека тие не се создаваат преку едно предавање, туку преку секојдневна, внимателна поддршка од наставниците и родителите.

Денешниот панел потврди дека кога знаењето и посветеноста на наставниците се комбинираат со поддршка од заедницата и родителите, се создава силна основа за иднината, односно за генерации кои се самоуверени, со способност за критичко размислување и емпатични.

Панелот се реализираше во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“, посветена на препознавање и поддршка на наставничката професија како движечка сила на општествениот напредок.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Дијагностицирана ми е НИСКА МОЗОЧНА АКТИВНОСТ“ (ВИДЕО)

Следно

Напад со нож пред српското Собрание, едно лице тешко повредено

Latest from Blog

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

 Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната
Go toTop