Стражај: Имате горчливо искуство со билатерализација на пристапниот процес, барањата не може да одат во недоглед, на потег е ЕУ

November 30, 2025
4 mins read

Македонија има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на евроинтеграција. Вие со децении се подготвувате за процесот на пристапување и сте уморни од овие процеси, но сега во Европската Унија има моментум за проширување којшто треба да се искористи, во исто време продолжувајќи со примена на реформите. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во проширувањето и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, вели во разговор за МИА, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика од Братислава, Томаш Стражај.

Во однос на се погласните предлози за членство на земјите-кандидатки во ЕУ, но без целосни права на донесување одлуки, како и без право на вето, со цел да се забрза процесот на проширување и дали ова е реално, Стражај вели дека целосно го поддржува процесот на етапна или постепена интеграција.

-Ние може ова да го наречеме постепено пристапување или постепена интеграција или може да употребиме други термини за овој процес, којшто целосно го поддржувам и сметам дека на државите треба да им се даде можност да бидат интегрирани во различни фази во Европската Унија, со цел да имаат учество или на пример барем да имаат статус на набљудувачи што ќе им овозможи да имаат директно влијание врз одлуките што не се однесуваат само на нив, туку и на идното проширување не Унијата. Не можам да предвидам дали овој предлог ќе биде реален или не, но сметам дека моментумот е тука, дури и внатре во ЕУ се споменуваат и конкретни датуми за можно следно проширување. Но од друга страна, подготвеноста на одделни земји од Западен Балкан, е исто така многу важно, за тоа како тие ја завршуваат својата домашна задача, вели тој за МИА.

Особено за Македонија, додава Стражај, која се подготвува со децении за процесот.

-Вие сте уморни од овие процеси, но сметам дека моментумот треба да се искорист. Но исто така владите не треба да се откажуваат од имплементација на реформите бидејки тие реформи, за судството, за антикорупцијата, се неопходни за идниот развој на државите и просперитетот, не само за интеграцијата. Паричката има две страни и сметам дека двете страни треба да направат се за да испорачаат. Меѓутоа, моментумот од страната на ЕУ е тука, сега Унијата дава сигнал и докажува дека проширувањето сега е приоритет, нагласува Стражај.

На прашањето за вклучувањето на билатералните прашања во процесот на пристапување, Стражај вели дека земјава има горчливо искуство со ставањето на билатералните прашања во процесот на интеграција.

-Вие го сменивте името, го потпишавте Договорот од Преспа, имавте неколку рунди разговори со Бугарија и со ЕУ и сметам дека на потег се властите на ЕУ да ги убедат нашите бугарски пријатели дека Македонија покажа волја да ги исполни условите од бугарска страна, но исто така, дека земјата има и свои граници, не може барањата да одат во недоглед. Во овој случај  мислам дека работата се уште не е завршена и улогата на ЕУ е да се инволвира и да се обиде повторно да ја убеди Бугарија дека Македонија е на вистинскиот пат, потенцира Стражај.

Според него, можеби треба да се види и дали македонските власти го одбрале вистинскиот пристап во решавањето на ова прашање. Тој смета дека можеби властите во Скопје треба да и пристапат со јасно барање на Бугарија со цел да се реши оваа ситуација еднаш засекогаш.

Тој исто така вели дека е вистински проблем што идното членство на која било земја-кандидат треба да биде одобрено од сите ЕУ членки, во смисла дека ако има и една единствена земја која се противи на влезот на одредена држава, може да го успори процесот или дури и да го стопира на некое време.

Стражај во разговорот за МИА оценува дека членството во ЕУ е можеби единствената можност за државите од Западен Балкан.

-Точно е дека ЕУ направи одредени грешки во минатото, на пример имаше периоди кога проширувањето не се сметаше за приоритет, или не беше меѓу главните приоритети. Сега ситуацијата е сменета и треба да учиме од нашите грешки, но да не бидеме толку критични кон ЕУ бидејќи сметам дека процесот на ЕУ-интеграција исто така континуирано продолжува. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во процесот на проширување и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем за процесот на проширување на ЕУ доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина, нагласува Стражај.

На прашањето дали поради геополитичката ситуација ЕУ можеби повеќе го фаворизира проширувањето кон Исток, со оглед дека некои држави во регионот како Србија и Црна Гора преговараат повеќе од една деценија, вели дека тоа не е случај.

-Позитивен сигнал е дека земјите од Источна Европа исто така имаат интерес да се приклуачт кон ЕУ, вклучително Украина и Молдавија, во моментов ги имаме само овие две земји, и високи претставници на ЕУ веќе неколкупати истакнаа дека треба да се одржи процесот базиран на заслуги. Што значи дека и Украина, и покрај фактот што се соочува со тешки услови поради руската агресија и е во состојба на војна, треба да ги исполни потребните реформи. Извештајот за Украина покажува дека постојат недостатоци и оти реформскиот процес треба да се забрза, и поради тоа не гледам фаворизирање од страна на ЕУ на која било од земјите-кандидатки, истакнува Стражај во разговорот за МИА.

Од друга страна, додава, кога се споменуваат најподготвените земји, како на пример Црна Гора или Албанија, тие пак доаѓаат од регионот на Западен Балкан.

-Со цел да се намалат овие стравувања, некои од земјите-членки всушност се придружија на Групата пријатели на Западен Балкан, тоа е неформална група во ЕУ, во која Словачка е дел, а која беше формирана на предлог на Австрија, со цел да не се заборават земјите од овој регион и особено кандидатките кои со децении преговараат или се стремат да пристапат кон ЕУ. Пристапот базиран на заслуги ќе преовладува, никој не прави разлика меѓу кандидатките од истокот и од Западен Балкан, уверува Стражај.

Потсетува дека приоритет на Владата на Словачка е проширувањето. Истакнува дека неодамнешната официјална посета на словачкиот претседател на земјава Петер Пелегрини е сигнал дека Северна Македонија е сметана за многу добро подготвена земја-кандидат за идно членство во ЕУ и Словачка ќе ја поддржи заедно со останатите кандидатки.

Во однос на регионалната соработка и дали регионалните економски иницијативи може да бидат замена за членство во ЕУ, Стражај вели дека регионалната соработка, како и регионалните иницијативи се многу важни и се еден од предусловите за членство во Унијата на земјите од Западен Балкан, но тие никако не можат да го заменат пристапниот процес.

-Ова се комплементарни процеси и едниот не го исклучува другиот и обратно. Сметам дека за економски развој многу е важно да се зголеми нивото на регионална соработка и Планот за раст за регионот обезбедува поттик и можности за да се продлабочи соработката, вели словачкиот експерт.

Во регионот има и други иницијативи како Советот за регионална соработка, Берлинскиот процес кој има и економско влијание врз регионот. Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Единствениот пазар е важен предизвик, ќе донесе предности во државите, но првиот чекор би бил продлабочување на регионалниот пазар, како шо се случи во Централна Европа пред самото пристапување на тие држави. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

200.000 странски туристи ја посетиле Србија во октомври – КОИ СЕ НАЈБРОЈНИ ГОСТИ?

Следно

Нагло порасна бројот на жртви во големиот пожар во облакодерите во Хонг Конг

Latest from Blog

Мицкоски утре во посета на Кратово, ќе изврши увид целосно реконструираната спортска сала

Ве известуваме дека утре 16.01.2026 година во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе оствари посета на целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово, информираат од прес службата

“Бомба“ од Германија: Јирген Клоп сериозно размислува да се врати на тренерската работа, има две опции!

ФОТО: Јurgen Klopp/X И тоа каква “бомба“ од Германија. Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, сериозно размислува да ја продолжи тренерската кариера и е сосема реална опција за нов тренер на Реал

Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување

Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што попладнево се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување. Според

Почина тајната ќерка на Фреди Меркјури- дури лани се дозна дека Биби воопшто постои

Тажната вест ја објави нејзиното семејство. Според „Дејли меил“, Фреди ја нарекол својата тајна ќерка Биби. Нејзиното постоење било откриено во јавноста дури минатото лето, во книгата на авторката Лесли Ан Џонс,

Крај на една ера: Од 2028. циркусите во Франција нема да користат животни на настапите

Според новиот национален закон во Франција, на патувачките циркуси повеќе нема да им биде дозволено да изведуваат точки со диви животни, а практиката треба целосно да се укине до 2028 година. Промената
Go toTop