Заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи во официјална посета на САД

November 29, 2025
1 min read

Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, г. Арбен Фетаи, започна повеќедневна официјална посета на Њујорк и Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

За време на престојот, г. Фетаи ќе оствари средби на високо ниво со претставници на американските институции, со претставници од системот на Обединетите Нации, како и со истакнати претставници на албанската заедница од Северна Македонија кои живеат и придонесуваат во САД.

Централен дел од посетата е учеството на Втората глобална конференција за користење податоци за подобрување на мерењето на корупцијата, организирана од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На конференцијата, г. Фетаи ќе ги презентира искуствата и заложбите на Владата на Република Македонија во борбата против корупцијата, како и напорите за унапредување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, заменик-претседателот на Владата ќе присуствува на манифестациите организирани од албанските здруженија во Њујорк по повод ноемвриските празници. Во рамки на посетата, предвидени се и други работни средби насочени кон продлабочување на билатералната соработка и меѓународна промоција на реформите во областа на доброто владеење, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалниот интегритет.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Џенифер Лопез настапила на свадба на индиски милијардер, заработила два милиони долари!!

Следно

Зеленски: Реално е да се финализираат чекорите за достоинствен крај на војната

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop