Андоновски: Битола е во фокусот на новата дигитална трансформација

November 29, 2025
1 min read

Во Битола, заедно со градоначалникот Тони Коњановски и пратеничката Олга Лозановска, ја промовиравме платформата uslugi.gov.mk — националниот портал за електронски услуги.

Во изминатата една и пол година бројот на корисници се дуплира и сега близу 240.000 граѓани секојдневно користат услуги преку порталот.

 

 

Во рамки на дигиталната трансформација, како успешен пример го наведовме системот на ваучери за електронски уреди за студенти. До сега:

39.000 студенти аплицирале за ваучер;

20.800 студенти веќе набавиле нов електронски уред — целосно онлајн.

Битола останува еден од клучните фокус-пунктови на процесот на дигитализација. Центарот за услуги во градот бележи голема посетеност и одлични резултати, што потврдува дека сме на вистинскиот пат.

Продолжуваме со соработката со општината за натамошна дигитализација на локалните услуги — побрзи, поедноставни и подостапни за сите.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: За една ипол година е дуплиран бројот на корисници на националниот портал uslugi.gov.mk

Следно

Бројот на исчезнати во пожарот во Хонг Конг се намали на 150, а бројот на жртви останува 128

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе
Go toTop