Андоновска: Земени се примероци и дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода

November 27, 2025
2 mins read

Досега имаме 20 пријави за деца од кои седум по епидемиолошките анкети се изјаснуваат дека воопшто немале контакт со кујната во училиштето. Овие 20 пријави се само од деца, имаме телефонски дојави од четворица учители од тоа училиште, но немаме се уште официјално пријава од нивна страна. Ако земеме предвид дека има и многу мали ученици не знаеме колку е веродостоен исказот, колку можеме на него да се потпреме. Од тоа што ни го кажуваат засега, не може точно да се утврди причинителот, но од друга страна земени се сите можни примероци и денеска дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода, изјави денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска во врска со случајот со ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопската населба Влае, кои се пожалиле на стомачни болки.

Таа посочи дека се што треба да се прави се прави во моментот и уверува дека после сето ова ќе покренат иницијатива за одредени промени кои ќе гарантираат уште поголема безбедност на храната и на водата особено во училиштата и градинките и ќе ги дадат на јавна дебата сите нивни предлози кои ќе ги предадат за кратко време.

– Од направените контроли земени се примероци од храна, млеко, мусли, мусака со месо и кроасан, земени се девет примероци од површини од четири различни чешми од кои три од училници и една чешма од кујната. Земени се брисеви од површини од клупи од три одделенија, од површини во кујната, како што се прибор за јадење, лажици, вилушки, садови во кои јаделе децата и работни пултови од кујната. Земени се брисеви од грло, нос и од раце од три вработени во кујната и земени се примероци за вода од шест места во училиштето вклучително и кујната, но и од други простории во училиштето, значи вкупно шест за микробиолошки, но и за физичко-хемиски анализи. Екипата пристигна доцна попладнето после 16 часот и целиот материјал е ставен за обработка по сите можни протоколи за некои од овие испитувања ни се потребни 48 часа за да излеземе со веродостоен резултат од испитувањата, рече Андоновска.

Појасни дека тоа што денеска го направиле е тоа што ИЈЗ искомуницирал со Клиниката за детски болести каде се хоспитализирани дел од децата и дополнително побарале да им се достави материјал за испитување од децата кои се таму, да им се достават материјали за да може да исклучат присуство на одредени вируси, паразити и да им се достави материјалот за децата за копрокултура, дијагностички да се попрецизни во се што прават, дека можеби факторот да не биде само труење со храна, туку може да има и некаков друг фактор.

– Од таа причина денеска побаравме да ни се достават материјали. За дел од материјалот кој ќе ни биде доставен во текот на денот ќе можеме уште денеска да излеземе со резултати, бидејќи ќе останеме да ги сработиме. Можеме за паразити и за вируси да излеземе со резултати по добивањето на примероците од пациентите. Се уште се одвива вонредниот надзор во уште девет училишта на територијата на Карпош, ќе бидат повторно земени материјали од нивните кујни. Кога ќе се вратат тимовите за истиот земен материјал ќе биде постапено исто како и за оној кој беше земен во текот на вчерашниот ден, истакна д-р Андоновска.

Одговарајќи на новинарско прашање кога ќе бидат готови резултатите од мострите од водата рече дека физичко-хемиската анализа од едно место од каде што е земена е веќе направена и таму од тоа место од тие шест места, не покажува отстапување од параметрите, но треба да се почека за микробиолошката анализа за која се потребни 48 часа.

– Во текот на вчерашниот ден ИЈЗ доби налог од Агенцијата за храна (АХВ) и ветеринарство за сомнеж за евентуално труење во едно од училиштата во општина Карпош. Согласно сите протоколи навремено е постапено и заедно со инспектори од АХВ со инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), тимови од Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје каде се вклучени техничари и епидемиолози веднаш пристапија до посоченото место, додаде д-р Андоновска.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новата стратегија „Подем 2030“ донесува значајни резултати Реализирани се повеќе од 30 милиони евра инвестиции

Следно

Основни разлики помеѓу заљубеноста и вистинската љубов

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов
Go toTop