Енергетски компании ја тужат ЕУ поради обврската за изградба складишта за јаглерод диоксид до 2030

November 27, 2025
1 min read

Најмалку 15 нафтени и гасни компании поднесоа тужби против Регулативата на Европската Унија за складирање на јаглерод, со барање за продолжување на рокот од 2030 година до кога треба да изградат складишта за најмалку 50 милиони тони јаглерод диоксид годишно.

Компаниите тврдат дека е невозможно да се исполни поставениот рок за изградба на складиштата до 31 декември 2030 година, со оглед на технолошките и логистичките пречки со кои се соочуваат во исполнувањето на строгите барања за складирање на јаглеродот.

Според нив, барањето за изградба на овие складишта потенцијално ќе доведе до значителен финансиски и оперативен притисок врз секторот за нафта и гас.

Компанијата „ЕксонМобајл“ во својата тужба оценува дека постигнувањето на поставената цел е „невозможно“, а „Орлен“ бара измена на Регулативата и поставување на „реален“ рок за изградба на складиштата. „Шел“, пак, наведува дека поддржува воспоставување на складиштата во предвидениот обем, но смета дека компаниите треба да добијат подолг рок за нивна изградба.

Компаниите се согласни дека со идејата за складирање на јаглерод диоксидот, Регулативата на ЕУ само создава „регулаторна стапица“. Според нив, Регулативата целиот товар за складирање на јаглеродот го префрла на нафтените и гасните компании, додека такви барање нема за останатите фирми.

Европската Унија, од своја страна, смета дека оваа Регулатива го намалува ризикот од складирање на индустрискиот јаглерод во целиот синџир на снабдување, вклучително и во секторите за производство на цемент, челик и хемикалии.

Европската комисија ја усвои Регулативата за складирање на јаглерод диоксид во мај годинава врз основа на Стратегијата на ЕУ за управување со индустриски јаглерод и Договорот за чиста индустрија.

Според Комисијата, оваа Регулатива ќе го забрзаат развојот на решенија за управување со индустриски јаглерод и ќе игра клучна улога во декарбонизацијата на индустријата низ цела Европа.

Регулативата предвидува јаглеродните складишта и транспортната инфраструктура до нив да добијат статус на „стратешки проекти“ за нулто ниво на емисии на јаглерод диоксид.

Во Анекс на Регулативата се наведени 44 компании од кои Комисијата бара „да придонесат“ во постигнувањето на целта на ЕУ за складирање на јаглеродот, согласно нивниот удел во производството на сурова нафта и природен гас во Унијата во приодот од 2020 до 2023 година. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Слот: Имавме доволно шанси за водство

Следно

Фото: Провокативната Кајли Џенер

Latest from Blog

Андоновска: Земени се примероци и дополнително се прават и други анализи кои не се поврзани со храна и вода

Досега имаме 20 пријави за деца од кои седум по епидемиолошките анкети се изјаснуваат дека воопшто немале контакт со кујната во училиштето. Овие 20 пријави се само од деца, имаме телефонски дојави

Новата стратегија „Подем 2030“ донесува значајни резултати Реализирани се повеќе од 30 милиони евра инвестиции

Белград, 27 ноември 2025 година – Нелт Група за 2025 година проектира приход од 1,5 милијарди евра, што претставува раст од 9% во однос на 2024 година. Во рамките на стратешкиот циклус

Украина тврди дека Русија ги продава своите златни резерви за десетици милијарди долари

Украинската служба за надворешно разузнавање (СЗРУ) проценува дека Русија ќе продаде дел од своите златни резерви на домашниот пазар за десетици милијарди долари за да ја поддржи рубљата и да го наполни
Go toTop