Ексклузивно интервју со Изет Меџити: За политичките одлуки, приватниот живот, односите во Владата и поразот на ДУИ

November 27, 2025
1 min read

На локалните избори беше избран за градоначалник на општина Чаир, па се врати на оваа функција напуштајќи вицепремиерско и министерско место во македонската Влада.

Многумина се прашуваат дали навистина ги стави интересите на своите сограѓани пред личните политички амбиции или проработе инаетот кога дозна дека во трка за градоначалничкото столче во Чаир влегува Бујар Османи.

Во ексклузивно интервју за КУРИР, Меџити одговара на оваа дилема, но со него зборувавме и за приватниот живот-детството и образованието, односите во Владата, поразот на Османи и ДУИ, како и за неговата омилена тема – општина Чаир.

Каква беше општината пред точно 20 години кога тој за првпат стана нејзин градоначалник, а каква е денес? Или уште поважно- каква ќе биде за четири години од сега?

Поглавјето ДУИ, вели, за него е затворено, а одговара и зошто мисли дека чаирчани на изборите не му ја дадоа довербата на Османи.

Зборувавме и за тоа како го поминува слободното време, дали неговите деца ќе тргнат по професионалните стапки на својот татко, за преобразба на чаршијата, Универзитетскиот кампус, Мастер планот на Чаир.

Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на КУРИР, погледнете го интервјуто со Изет Меџити

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Под Мексико се крие чудо на природата- подводна пештера долга 520 километри одзема здив (ВИДЕО)

Следно

Утре почнува Божиќниот пост, овие правила треба да ги знае секој кој пости

Latest from Blog

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop