Алиу на 11. турски медицински конгрес: Дигитализацијата не е избор, тоа е вратата низ која секој здравствен систем мора да помине

November 25, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, се обрати на 11. турски медицински конгрес, кој се одржува во Анкара на покана на Министерството за здравство на Република Турција.

Во своето обраќање истакна дека нашата земја се соочува со истите предизвици, како и другите здравствени системи, а тоа е ограничен број специјалисти во клучни области, застарена инфраструктура, дигитални системи што функционираат, но не секогаш меѓусебно поврзано, здравствен кадар под огромен товар, а пред се, граѓани кои заслужуваат побрз пристап до здравствена заштита.

-Дигитализацијата е почетната точка на реформата. Дигитализацијата не е избор, тоа е вратата низ која секој здравствен систем мора да помине. Таа не подразбира заменување на лекарите со компјутер, туку ослободување на лекарите од задачи кои никогаш и не им припаѓале. Воедно, дигиталните алатки му овозможуваат на еден систем со ограничени ресурси да прави скокови за кои порано беа потребни децении, потенцираше министерот Алиу.

Воедно, министерот истакна дека напредните здравствени системи веќе се фокусирани на новини како што се „дигитални двојници“ кои ги симулираат исходите кај пациентите, тријажа поддржана од вештачка интелигенција која открива ризик пред да се појават симптомите, роботска хирургија на далечина и геномска медицина прилагодена на секој поединец.

-Овие иновации можеби сè уште не се наша реалност, но тие се сигнали каде се движи светот и показател на што мора да се подготви секоја држава. Верувам во иднина во која здравството не е реактивно, туку предиктивно, не е бавно, туку интелигентно. Во таа насока се подготвува мојата земја. Тоа е иднината што можеме да ја изградиме заедно почнувајќи од сега, заклучи министерот Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Министерството за спорт на европска сцена: Волонтерството како двигател на општествена промена

Следно

Украина ја прифати суштината на мировниот план – Стармер: Постигнат е значаен напредок

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop