Пет фантастични намирници кои се одлични за здравјето на очите

November 19, 2025
1 min read

Зеленчукот и
овошје
то со портокалова боја, како моркови, кајсии или пиперки, се
здрави за очите и го штитат видот. Бета-каротенот, провитамин на витаминот А
кој им ја дава портокаловата боја, ѝ помага на мрежницата и на другите делови
од окото да функционираат подобро со тоа што ги штити од оксидативни оштетувања
предизвикани од светлината — главниот фактор за макуларна дегенерација.

Но храната што помага за здравјето на очите и подобриот вид
не завршува само со бета-каротенот.

Иако нивната поврзаност со здравјето на очите е помалку
позната, и други витамини и минерали имаат клучна улога во зачувувањето на
добриот вид.

1. Зелен лиснат зеленчук

Зелениот
лиснат зеленчук е богат со лутеин и зеаксантин — каротеноиди неопходни за
здравјето на очите. Колку се важни овие материи за човечкиот вид, говори фактот
што очите се вистинско складиште на каротеноиди, а лутеинот и зеаксантин
особено се концентрирани во мрежницата и леќата на окото.

Истражувањата покажале дека внесувањето на овие материи може
да помогне во развојот на нормален вид кај децата, а доволниот внес во текот на
целиот живот може да го прошири видното поле и да ја намали непријатноста предизвикана
од блесоците на компјутерските монитори и телевизиските екрани. Дополнително,
откриено е дека комбинацијата на овие две материи го скратува времето на
опоравување на окото од фотострес.

2. Јајца

Жолчката е богат извор на лутеин и зеаксантин, но и на цинк,
кој има важна улога во многу ензими во мрежницата и помага да се намали ризикот
за развој на макуларна дегенерација.

3. Агруми и шумско овошје

Овие видови овошје се богати со витамин Ц, за кој е докажано
дека го намалува ризикот од развој на макуларна дегенерација и катаракта.
Покрај тоа, витамин Ц е важен за зајакнување на капиларите и за создавање
колаген.

Друга важна придобивка од шумското овошје е тоа што е богато
со антоцијани, кои го подобруваат ноќниот вид. Истражувања покажале дека 100 mg
боровинки може да го подобрат приспособувањето на окото на темнина во рок од 30
минути.

4. Бадеми

Бадемите се богат извор на витамин Е, кој – според
многубројни истражувања – ја забавува макуларната дегенерација и го спречува
развојот на очната мрена. Само една рака бадеми обезбедува половина од дневно
потребната количина витамин Е.

5. Масна риба

Туна, лосос, скуша, сардини и пастрмка се богати со масната
киселина DHA, која се наоѓа и во мрежницата на нашето око. Ниските нивоа од
оваа киселина се поврзуваат со симптоми на суво око.

Оваа киселина сочинува дури 30 проценти од добрите масти во
мрежницата, мозокот и надбубрежните жлезди, а истражувањата покажале дека со
нејзино внесување се подобрува координацијата
на рацете и очите и полесно се распознаваат оддалечени предмети.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал

Следно

„Меморија“ го затвора кругот со досега невиден концертен времеплов во МКЦ: 24 музичари од сите постави на бендот ќе ротираат на сцената таму каде што се’ започна

Latest from Blog

Победа со пресврт на “Панцерите“: Ундав е херојот на Германците!(ВИДЕО)

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup/ Германија – Брегот на Слоновата Коска 2:1.Ова е исходот од мечот од 2.коло во групата Е. „Слоновите“ поведоа со голот на Кеси во 31.минута, додека Германците израмнија со голот на Ундав

Најмалку пет лица се убиени во израелски напади во појасот Газа, меѓу кои и дете

Во израелскиот воздушен напад загинаа четворица Палестинци, вклучувајќи две жени и едно дете, кои беа пронајдени во станбена зграда во градот Газа, соопшти истиот извор. Во напад врз зграда во населбата Сабра

Драма кај Португалците: Соиграчите го бојкотираат Роналдо?! Тој остави порака на Инстаграм!(ФОТО)

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) И тоа какви проблеми и драми во таборот на Португалците. Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи откако беше критикуван по првиот натпревар на Португалија на Светското
Go toTop