Ердоган: „Очекуваме претприемачите да се мобилизираат за обнова на градовите уништени од земјотресот“

March 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува претприемачите да ги заштитат работните места и фабриките и да ги мобилизираат сите средства со кои располагаат за жртвите од разорните земјотреси што минатиот месец ги погодија јужните региони на Туркије, пренесува Анадолија.

Ердоган со пригодна порака им се обрати на учесниците на 26. Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата „Мармара“ во Истанбул, а неговата порака ја прочита турскиот парламентарец и раководител на организацијата на тој собир, Самил Ајрим.

Турскиот претседател во својата порака истакна дека самитот се одржува во мрачен период кога турскиот народ се соочува со последиците од една од најголемите природни катастрофи што некогаш го погодиле човештвото.

„Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени во Кахраманмараш директно погодија 11 наши области и 14 милиони луѓе. Во тие земјотреси животот го загубија повеќе од 48.000 наши сограѓани, а економијата на нашата држава беше сериозно погодена. Мобилизацијата ја започнавме од првиот момент на земјотресот со поддршка на нашиот деловен свет. Продолжуваме на различни платформи“, рече Ердоган во пораката.

Истакнувајќи дека целта на Туркије е во рок од една година да ги обнови сите уништени градови, Ердоган рече дека во овој процес, покрај релевантните институции на државата, важни должности и одговорности има и деловниот свет.

„Очекуваме нашите претприемачи да ги заштитат работните места, фабриките и да ги мобилизираат сите ресурси што им стојат на располагање за нашите жртви во земјотресот. Верувам дека со заеднички напори како земја и народ ќе го надминеме овој тежок тест“, рече Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Грета Тунберг го избриша своето пророштво

Следно

Шведскиот премиер Кристерсон: „Приемот на Шведска и Финска во НАТО е можен во различни фази“

Latest from Blog

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување

Лидс Ј. сака да им понуди на Мурињо и Нуно Санто да го преземат кормилото

Раководството на англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед почна да разгледува опции за можна промена на тренерот. На списокот на кандидати на клубот се Жозе Мурињо и Нуно Еспирито Санто, објави „ТимТок“. Според изворот,
Go toTop