Мицкоски: Барам смена на Љупчо Коцевски, не си ја врши својата работа добро

November 18, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена.

„Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, многу јасно“, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така додаде дека граѓаните акламативно мислат дека Коцевски не си ја врши својата работа доволно добро, а буџетот кој го добиваат е поголем од 75% од земјите на ЕУ.

„Најголемиот дел од граѓаните, огромен дел, би рекол акламативно мислат дека не си ја врши својата работа доволно добро и ако е политичката цена да ја платам и да бидам повторно дел од извештај во којшто ќе бидам критикуван, а притоа буџетот којшто го добиваат е очигледно поголем од 75% од земјите членки на ЕУ, нивни колеги, тогаш  мислам дека некој треба да си го стави прстот на чело и да размисли што прави“, додаде Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОСЛЕДНИОТ ОБИД ЗА ОДБАРНА НА УСТАВОТ – НА ФИЛМ. Јани Бојаџи за 27 април 2017-та

Следно

Бензема: Ако Перез ме повика назад во Реал, нема да кажам не!

Latest from Blog

Одборот за мир на Трамп го претстави повоениот план за Газа

Предлогот вклучува формирање нови административни тела, формирање на преодни палестински полициски сили и план за целосна демилитаризација, пренесува Анадолу. Генералниот директор на Одборот за мир, Николај Младенов, го објави формирањето на Канцеларијата

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште, но криви, ни должни го мешаат моето семејство

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад хоминем напади да се догребе до некоја сламка за спас, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги обвинувањата

Најмногу поскапеа становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода
Go toTop