Израелскиот претседател за судските реформи: „Ситуацијата во земјата е многу сериозна“

March 14, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Израел, Исак Херцог, ја опиша ситуацијата во земјата како „многу сериозна“ поради планот на Владата да спроведе судски реформи, кои опозицијата ги смета за обид да се намалат овластувањата на судската власт во корист на извршната, известува Анадолу.

„Ние сме во многу сериозна ситуација која може да има политички, економски, социјални и безбедносни последици“, рече претседателот Херцог за време на една свеченост во Тел Авив, пренесе весникот „Тајмс оф Израел“.

Претседателот на Израел напомена дека сето свое време и енергија ги посветил кон изнаоѓање на разбирање кое ќе ја спаси земјата од уставна и социјална криза.

Херцог потврди дека се состанува со претставниците на владината коалиција и опозицијата.

„Ова не е политички компромис, ова е Сизифов напор да се изнајде правилна формула на рамнотежа и надеж, бидејќи ситуацијата е многу тешка и загрижувачка“, предупреди израелскиот претседател.

Неговите напори за посредување меѓу владината коалиција и опозицијата сѐ уште не дадоа значителен напредок.

Зборувајќи на церемонијата, Естер Хаут, шефицата на Врховниот суд, изрази загриженост поради владиниот потег, за кој рече дека би го поткопал „израелското единство“.

Во последните два месеца, илјадници Израелци излегоа на улица во знак на протест против планот на Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху во врска со реформите во судството.

Реформите, што ги предложи министерот за правда Јарив Левин, претставуваа најрадикална измена некогаш спроведена во системот на власта во Израел.

Предложената реформа би ги ограничила овластувањата на Врховниот суд за правда, би ѝ овозможила на Владата да бира судии и да го финализира именувањето на правните советници во Министерството од страна на државниот обвинител.

Меѓутоа, Нетанјаху, на кого му се суди за корупција, тврди дека неговиот план за реформи во судството би ја унапредил демократијата во Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Азар: Не разговарам со Анчелоти

Следно

(ФОТО) Уапсен руски војник кој шест месеци се криел од украинските сили

Latest from Blog

92 сообраќајни прекршоци синоќа во Скопје

Синоќа (10/11.05.2025) од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 17.00 до 01.00 часот беше спроведена засилена сообраќајна контрола по Оперативната акција “Безбеден сообраќај”. За

Влатко Стефановски одржа концерт за паметење

Легендарниот Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во Филхармонија, како последна станица од регионалните концерти со специјални гости. Гитарскиот виртуоз заедно со бендот одржа еден вид мастерклас и

Полскиот амбасадор Бримора: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора во интервју за МИА вели и во Брисел на билатерално ниво се работи на приближување на ставовите меѓу Скопје и Софија. Тој нагласува дека полското претседателство

Парламентарни избори во Албанија: Рама се надева на четврти мандат, Бериша на враќање на власт по 12 години

Во Албанија денеска се одржуваат 11. по ред парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим, на кои правото на глас од 7 до 19 часот треба да го искористат 3.721.116,  од нив
Go toTop