Научниците ја откриле границата на човековата издржливост

November 17, 2025
1 min read

Научниците откриле дека, без оглед на нивото на физичка подготвеност или интензитетот на тренингот, човечкото тело има јасна граница и не може долгорочно да согорува калории со брзина за 2,5 пати поголема од базалниот метаболизам, објавува Science Alert.

Метаболички плафон на издржливост

Иако претходните студии веќе укажуваа на постоење на сличен „метаболички плафон“, оваа студија, објавена во списанието Current Biology, се смета за најпрецизна досега. Била користена златна стандардна мерка за трошење калории и вклучувала двојно повеќе спортисти.

Анализата е спроведена на 14 врвни, светски познати спортисти – вклучувајќи тркачи, велосипедисти и триатлонци. Повеќето од учесниците биле на возраст меѓу 30 и 44 години, а меѓу нив учествувале и две спортистки.

Како научниците ги мереле границите?

За прецизно мерење на трошењето енергија, истражувачите ги натерале спортистите да испијат вода збогатена со специјални метаболички маркери. Потоа, нивоата на овие маркери биле мерени во нивната урина, овозможувајќи точна пресметка на согорените калории за време на секој тренинг и трка. Врз основа на овие податоци и деталните записи од тренинзите, бил предвиден индивидуален максимален „метаболички опсег“ за секој спортист во период од 52 недели.

Резултатите покажале дека, во просек, спортистите ретко согорувале повеќе од 4.000 калории дневно, што е 2,4 пати побрзо од нивната базална метаболичка стапка.

Краткорочни рекорди и долгорочни ограничувања

Секако, спортистите можеле да го надминат ова ограничување за пократки временски периоди. Највисокиот измерен метаболички опсег бил дури седум пати поголем од базалната метаболичка стапка на еден спортист, забележан за време на речиси 24-часовно трчање на Апалачката патека. Неколку други ултрамаратонци, исто така, во повеќедневни трки трошеле енергија четири пати побрзо во однос на базалниот метаболизам.

Сепак, кога овие енергетски „напливи“ ќе се стават во контекст на цела година, тие се покажуваат како краткотрајни. Се чини дека по околу 30 недели интензивен тренинг и натпревар, телото достигнува плато и многу е мала веројатноста да го надмине просечниот плафон.

Само четири спортисти во студијата успеале да го надминат предвидениот метаболички плафон по 30 или повеќе недели, но тие биле исклучок, а разликата била минимална – нивниота метаболички опсег бил за околу 2,7 пати поголем од нивната базална стапка.

Дали постои цврста граница?

„Спортистите во оваа студија не ја надминаа значително предложената метаболичка стапка“, заклучиле авторите.

Сепак, тие оставаат простор за исклучоци: „Светските рекордни резултати во ултра-издржливо трчање сугерираат дека значително повисока потрошувачка е можна само во исклучителни случаи.“

Без директни мерења кај голем број елитни спортисти, границите на човечката издржливост остануваат нејасни. Иако сè повеќе докази наведуваат на тоа дека постои цврста граница, секогаш постои можност да се појави некој иден спортист кој ќе го докаже спротивното и повторно ќе ги помести границите на познатото.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче докажува секој ден дека не сака силен СДС, туку само да ги исполнува желбите на Заев, оваа политика значи крај за СДС

Следно

Трамп ги повика Републиканците да гласаат за да се објават сите досиеја поврзани со педофилот Епстајн

Latest from Blog

Катастрофа во Непал: Стотици загинати и исчезнати, меѓу кои околу 300 странски туристи (ВИДЕО)

Најмалку 95 лица загинаа, објави Би-Би-Си, додавајќи дека меѓу 384 исчезнати се 105 Индијци и 12 Британци, како и 111 лица чии националности сè уште не се потврдени. Ненадејните поплави во Непал

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матичната комисија во Собранието

Во Собранието денеска ќе се одржат седници на собраниските комисии за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија, за европски прашања и Буџетскиот совет на Собранието. На
Go toTop