Трипуновски: Нема потреба од загриженост кај земјоделците, вршиме контрола на 50-тина договори, ќе го информираме Брисел за исходот

November 16, 2025
1 min read

Веднаш по онаа акција која се случи во четвртокот, каде беа приведени повеќе лица вклучувајќи го и директорот, нашиот национален механизам е на стопирање на дел од исплатата на ИПАРД средствата. Тоа е наша брза реакција за да провериме што во суштина се случувало во самата агенција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Канал 5 телевизија.

Трипуновски вели дека Брисел ја поздрави брзата реакција на Владата за да испита што точно се случувало во Платежната агенција.

-Сето тоа е искомуницирано со Брисел, и оттаму дадоа позитивна критика за брзата реакција. Со нашата реакција ќе превенираме евентуални други несакани последици. Она што ние како држава ќе го направиме во проверките, ќе биде испратено како извештај до Брисел, за да дефинираме што се случувало, појасни тој.

Министерот Трипуновски посочи дека тука станува збор за девијантно однесување на еден од вработените, а не за системот.

Тој додаде дека Агенцијата е поделена на две структури, едниот дел е за национални плаќања, односно субвенции, а другиот дел се однесува на реализација на ИПАРД средствата. Вториот дел во моментов е под национална ревизија.

Министерот Трипуновски нагласи дека нема потреба кај загриженост кај земјоделците, бидејќи се врши контрола само на 50-тина договори, а не 450 како што лиферува опозицијата.

-Исплатите за субвенциите ќе продолжат тековно, земјоделците не треба да се грижат, рече Трипуновски и додаде:

Инаку се работи за 50-тина предмети кои се од претходно објавени повици да бидат дозавршени, а не како што лиферува опозицијата дека се над 450 апликанти.

Трипуновски нагласи дека на последната владина седница е назначен нов директор на Агенцијата.

-Дополнително она што е важно, ние веќе на последната владина седница е назначивме и нов директор на самата институција којашто нормално веќе од внатре ќе почне да го движи процесот на самата Агенција, за да нема еден сериозен застој, заклучи тој.

Во однос на прашањето дали постои опасност од дополнително пролонгирање на роковите, доколку ОЛАФ се вклучи во истрагата, Трипуновски информираше:

„Ние сме сведоци дека последниве неколку години ОЛАФ беше присутен во Платежната агенција, доаѓа без најава, без какво било претходно известување. Во моментов она што ние сме го преземале како институција согласно нашите надлежности е позитивно поздравено од Брисел. Дали ќе дојде ОЛАФ не знам, меѓутоа она што е наша обврска и ние ќе направиме се е да провериме и да испратиме сумиран извештај до Брисел што е констатирано при истрагата, и мислам дека веднаш потоа ќе продолжиме понатаму со едно тековно работење“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина во текот на зимата ќе се снабдува со течен природен гас од Грција

Следно

За три дена им даде пет голови на Португалија и Унгарија и ја однесе Ирска во баражот!

Latest from Blog

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и

Хорор во САД: Маж загина по излетување од ролекостер со брзина од 110 км/час- има и повредени (ВИДЕО)

Падот се случил на тобоганот Голијат, опишан како „хипертобоган“ бидејќи достигнува брзина до 110 км/ч и има висина од 60 метри, се наведува на веб-страницата Six Flegs, објави Хафингтон Пост. Сведоците рекоа

Николоски: Шест автопати се градат истовремено, потфат со кој ретко која земја може да се пофали

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс

Проданоски: Прилеп е регионален лидер во циркуларната економија

Општина Прилеп е добитник на „Municipal Circular Leadership Award 2026“, признание за општинско лидерство во циркуларната економија. Според градоначалникот Дејан Проданоски, меѓународното жири го избрало Прилеп за најуспешен во оваа категорија на
Go toTop