НАЈСРЕЌНИТЕ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ – осма година по ред

November 16, 2025
1 min read

Иако се наоѓаат на самиот север од Европа, иако нивните
ноќи понекогаш траат подолго од нивните денови, и иако поголемиот дел од
годината го поминуваат на температури под нулата, Финците се прогласени за
најсреќни луѓе во светот осма година по ред.

Зошто е тоа така?

1. Финците
поминуваат многу време во природа

Речиси 70 проценти од територијата на земјата е покриена
со шуми, па затоа ова може да биде причината зошто Финците сакаат да поминуваат
време на отворено. Опкружени со шуми и природа, тие чувствуваат мир и
задоволство, а некои од најпопуларните активности се долгите прошетки и возењето
велосипед.

2. Изобилство на
вода

Финска е наречена и „земја на илјада езера“. Овие езера
се формирале по глацијацијата што завршила пред околу 10 илјади години. Водата
во финските езера е толку чиста и здрава што можете да ја пиете директно од
чешма, а скоро секој ресторан ќе ви понуди бесплатна вода во бокал, дури и ако
не побарате.

3. Пари за деца

Финските родители добиваат 100 евра месечно за секое
дете, и интересно е што овој „детски додаток“ важи додека детето не наполни
седумнаесет години. Некои ги трошат овие пари, но повеќето родители ги штедат и
му ги даваат на детето кога ќе се исели од куќата. Значи, не е тешко да се
разбере зошто повеќето млади Финци го започнуваат својот независен живот со
околу 20 илјади евра на нивната штедна сметка.

4. Кралеви на
рециклирањето

Финците одамна разбираат дека рециклирањето е неопходно –
повеќе од 90 проценти од отпадот се рециклира. Девет од десет пластични шишиња
можат да се користат повторно, а процентот за стаклени шишиња е уште поголем.

5. Доверба во
полицијата

Граѓаните во Финска имаат извонредна доверба во
полицијата – довербата е поголема од 90 проценти, а истото важи и за довербата
во другите институции. Финците едноставно немаат проблем со недоверба во
системот.

6. Невообичаени
спортови

Тешко е да се наречат вистински спортови, но не е лесно
да се класифицираат ниту во која било друга категорија. Фрлање мобилен телефон
далеку, носење жена, фаќање комарци, свирење на „воздушна гитара“ – сето тоа се
необични, но сакани фински традиции.

7. Правото на
интернет

Пред десет години, Финска стана првата земја во светот
што го прогласи правото на интернет за основно човеково право. Владата утврди
дека брзината мора да биде што е можно поголема и дека интернетот мора да биде
достапен за сите.

8. Зависници од
кафе

Според Меѓународната организација за кафе, Финците се
втори во светот по количината на консумирано кафе по глава на жител.

9. Бесплатно
образование

Од рана возраст, децата се водени да учат јазици, па
затоа повеќето Финци зборуваат течно англиски. Образованието е бесплатно – и во
училиштата и на универзитетите – а финскиот образовен систем се смета за еден
од најдобрите во светот.

10. Село на Дедо
Мраз

Едно мало село во Лапонија, наречено Јоулупуки, може да
се посети преку целата година. Финскиот Дедо Мраз дури има и пасош, кој ни
кажува дека е оженет и роден „одамна“. Очигледно, во Финска веруваат во бајки –
можеби затоа нивниот живот е толку бајковит!

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Репрезентативец на Косово се расплака и порача дека многумина треба да се плашат

Следно

ВЛЕН: Со новиот буџет Скопје тргнува кон почист, модерен и уреден град

Latest from Blog

Зеленски: Русија лансираше 1.000 дронови и 36 ракети за една недела

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во рок од една недела, Русија лансирала околу 1.000 беспилотни летала, речиси 980 наведувани воздушни бомби и 36 ракети од различни видови врз Украина. Според

Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Интегрален текст од изјавата на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ, Сергеј Попов: „Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис,

Јужна Африка ќе гради нова нуклеарна централа

Јужна Африка ќе продолжи со плановите за изградба на нова нуклеарна централа како дел од пошироките напори за обезбедување долгорочна енергетска стабилност, изјави денес министерот за енергетика на земјата, Кгосиенцо Рамаккопа. Тој
Go toTop