Денес го славиме Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

November 16, 2025
2 mins read

Осумдесетгодишниот старец Акепсим, исполнет со секоја христијанска добродетел, еден ден седеше во својот дом со гости. Притоа едно дете исполнето со благодатта на Светиот Дух му притрча на стариот епископ, го целива во главата и рече: „Блажена е оваа глава, зашто за Христа ќе прими маченички венец!“ Ова пророштво наскоро се обвистини. Царот Савориј покрена луто гонење на христијаните по цела Персија, па беше фатен и Акепсим и го изведе пред некој идолски кнез. На уапсениот и врзан епископ му пристапи некој од неговите домашни и го праша што заповеда во поглед на неговиот дом. Светителот му одговори: „Тоа веќе не е мој дом, јас неповратно одам во вишниот дом.“ После големи мачења го фрлија во затвор. Во истиот затвор утредента ги доведоа Јосиф и Ајтал, од кои Јосиф беше седумдесетгодишен старец презвитер, а Ајтал ѓакон. После три години затвор и многу маки на Акепсим му ја отсекоа главата, а Јосиф и Ајтал ги закопаа во земја до бедрата и бездушниците им наредија на христијаните да ги удираат со камења. По Божја Промисла телото на Јосиф ноќта исчезна, а над Ајталовото тело израсна дрвото марсина, коешто исцелуваше секаква болест и мака кај луѓето. Ова траеше пет години, а потоа завидливите незнабожци го исекоа дрвото. Овие Христови војници пострадаа во 4 век во Персија, за време на незнабожниот цар Савориј.

Тропар
Небесната светлина ги вдоми телата ваши напатени, о исповедници Христови, Акепсиме, Јосифе и Аитале. Исповедништвото на вистината место небесно припреми и слава маченичка разгласена стана по целата вселена. Затоа радувајте се во свитата на Божјите пријатели, и за нас молете се, вие на кои смртта им стана добивка.

Светиот великомаченик Георгиј – Ѓурѓиц

На овој ден се празнува преносот на моштите на Св. Георгиј од Никомидија во градот Лида Палестинска, каде што пострада во времето на царот Диоклецијан. Страдањето на овој прекрасен светител е опишано под 23 април. Пред смртта Св. Георгиј го замоли својот слуга да го земе неговото мртво тело и да го пренесе во Палестина, од каде што беше родум и мајка му и каде што имаше голем имот, кој им го раздаде на сиромасите. Слугата така и направи. Во времето на царот Константин во Лида побожните христијани му изградија на Св. Георгиј прекрасен храм и при осветувањето на храмот во него ги пренесоа моштите на светителот и таму го закопаа. Од чудотворните мошти на Св. великомаченик Георгиј се случија големи чуда.

Тропар
Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносче великомачениче Георгије, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души.

Кондак
Откако најдовме прибежиште во твојата брза и непобедлива заштита, Христов страдалнику, ние верните кои те воспеваме, молиме да се избавиме од вражјите соблазни, и од секакви несреќи и опасности, за да повикуваме: Радувај се, маченику Георгие!

Преподобен Илија Египетски

Се подвизуваше близу Антино, главниот град на Тиваида. Во сурови и непристапни карпести пустини проживеа седумдесет години. Се хранеше само со леб и со урми, а кога беше млад постеше по цели седмици. Ги исцелуваше сите маки и болести кај луѓето. Се тресеше од старост. Се упокои во сто и десетата година од животот, кога се пресели во радоста на својот Господ. „Чувајте го вашиот ум од лоши помисли за ближните, знаејќи дека нив ги уфрлуваат демоните со цел да ви го оддалечат умот од гледањето на сопствените гревови и од стремежот кон Бога“

Тропар
Блажен си ти, свет исповедниче Илија, благодатта Христова ум ти просветли, волја ти изостри вистина да поимаш, ближен да не осудуваш. Радувај се сега во Небесното Царство, свет подвижниче, сотруднику на ангелите, и за нас моли се мисли да преумиме и Бога да Го прославуваме.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи

Следно

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Latest from Blog

Ако некој вечерва ви понуди 12 зрна грозје прифатете ги, еве какво значење имаат

Додека се подготвувате за Нова Година, со нови одлуки и надежи за иднината, еден необичен обичај привлекува сè повеќе внимание. Станува збор за јадење 12 зрна грозје точно на полноќ, традиција што

ИЈЗ со препораки за празниците во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

Новогодишните празници претставуваат период на значајни промени во секојдневниот животен ритам, при што доаѓа до нарушување на вообичаениот распоред на исхрана, се вели во препораките на Институтот за јавно здравје до граѓаните

Новогодишната желба на Тевез: Проштален меч на кој ќе бидат Роналдо, Меси, Руни…, а јас ќе бидам резерва!

Легендарниот аргентински голгетер Карлос Тевез откри кого ќе покани во својот тим за неговиот проштален натпревар. „Доколку требаше да одиграм проштален натпревар, мојот тим би бил Буфон, Уго Ибара, Фердинанд, Хајнце, Евра,

Коњановски: Нека новата 2026 донесе среќа и бериќет за сите граѓани

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во својата новогодишна честитка им се обрати на сограѓаните, истакнувајќи ја магијата на празничните денови и значењето на заедништвото. „Има ли поубава радост, поубава приказна од новогодишните
Go toTop