Временските услови поволни за земјоделството, добредојдени и најавените врнежи

November 16, 2025
1 min read

Временските услови во изминатите денови, со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд, беа поволни за некои житни култури кои се во фаза на никнење како што е пченицата, велат агрометеоролозите. Според нив, врнежите во овој период се многу значајни, посебно количеството на влага, што е услов за ртење и никнување на семето.

-Освен влажноста, и температурата има големо влијание за поникнувањето. Пченицата во некои региони е во фаза на никнење. Ртењето на семето треба да се одвива во поволни температурни услови. Најдобри се оптималните температури кои се движат од 20 до 35 степени. Поникнувањата на житата трае 5 до 35 дена, објаснуваат агрометеоролозите.

Во тек е и собирањето на одделни градинарски култури, а поголем дел од овошните видови се во фаза на општо паѓање на листовите.

-Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Викендов времето е стабилно, суво и тивко, во утринските часови со појава на магла во одредени котлини. Утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе има локални врнежи дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Се препорачува земјоделците да применуваат правилни агротехнички мерки, да ги снабдуваат културите со потребните количества хранливи материи со што се зголемува отпорноста кон зимскиот мраз и да применуваат сертифициран семенски материјал со добри квалитетни сортни карактеристики кој одговара на стандардите, најдобро од реонирани и селекционирани сорти со добра здравствена состојба, истакнуваат агрометеоролозите.

Дополнуваат и дека треба да се употребува квалитетно ѓубриво.

-Доколку временските услови дозволуваат, добро е да се продолжи и со другите агротехнички мерки, како и да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и на другите конструкции. Потребно е и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и да се преземат мерки за заштита од нив, велат агрометеоролозите од УХМР.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Елизабет Харли во мини бикини ги покажува своите мускули

Следно

Денес го славиме Светиот свештеномаченик Акепсим, епископ Наесонски

Latest from Blog

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина
Go toTop